fbpx

Ние сме општествено одговорни

НАШАТА ОДГОВОРНОСТ

Како трговска компанија, ние ја цениме довербата што секојдневно ни се укажува нам и на нашите производи. Економскиот успех во голема мера зависи од тоа колку успешно ги ускладуваме нашите клучни принципи „Едноставност“ и „Ориентираност кон потрошувачите“ со одговорното користење на природните ресурси и обѕирното опходување со муштериите, вработените и деловните партнери.

Под мотото „Висок квалитет – ниски цени“ информираме за нашите активности на темата Одговорност во КАМ. Свесни сме дека оваа одговорност можеме да ја исполниме само заедно со нашите мотивирани и ангажирани вработени. Затоа, наша цел е и во иднина да бидеме одговорен и атрактивен работодавец.

Нашата цел е и понатаму да имате доверба во нас!

Општество

Како трговска компанија од синџир маркети, продавниците на КАМ ја покриваат цела Македонија и секојдневно е во контакт со луѓето на лице место. Себеси се сметаме за дел од општеството и, во рамките на нашите можности, целисходно се ангажираме со докажани добавувачи.

Асортиман

Ние гарантираме за високиот квалитет и безбедноста на нашите производи, бидејќи здравјето, заштитата и задоволството на нашите муштерии за нас е од клучен интерес. Под мотото „Висок квалитет – ниски цени“ ние ги информираме нашите муштерии за артиклите и свесниот консум.

Вработени

Како компанија со синџир од маркети, нашите вработени во огромна мера придонесуваат за економскиот успех. Нашата компанија се одликува со мотивирани и ангажирани вработени.