fbpx

Кам маркет

КАМ ДОО е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев.

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 80 КАМ маркети, лоцирани низ Република Македонија. Компанијата брои приближно 1200 вработени.

Како еден од лидерите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени. КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.

КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: највисок квалитет по најниски можни цени. Овие принципи се гаранција за успех секој ден и насекаде – практичност, јасни структури во управувањето, колегијалност и правичност во работењето. Зад нашиот успех стои нашиот внимателно избран асортиман. Фокусот оставаме врз сопствените марки и врз докажаните трговски марки. Се разбира, кај нас секогаш ќе најдете свежо овошје и зеленчук со највисок квалитет, како и разновидност од свежи печива. Овој концепт ни обезбеди успешен и брз развој во изминатите 24 години во нашата мрежа од продавници во Македонија.