fbpx

Политика за заштита на лични податоци

Права на субјектот на лични податоци 

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив: КАМ ДОО Илинден

Седиште: Ул.35 бр.39

e-mail: office@kam.com.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме:Елена Брашнарска Дракуловска

Тел.број: 02/3171747

e-mail: kabinet@kam.com.mk

Нашата визија за заштита на личните податоци

КАМ ДОО ИЛИНДЕН, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во целокупното своето работење, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци на  КАМ ДОО ИЛИНДЕН

Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: www.kam.com.mk

Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци

Права на корисниците Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:

  • да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
  • да пристапат до нивните лични податоци и да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци

Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:

  • Во функција на транспарентност, КАМ ДОО ИЛИНДЕН презема обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите личниподатоци.
  • Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци.

Барањето за пристап до податоците се доставува во писмена форма во некој од продажните салони на КАМ ДОО ИЛИНДЕН или се пополнува на некој од дигиталните канали на КАМ ДОО ИЛИНДЕН.

КАМ ДОО ИЛИНДЕН е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.

Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.

По барање на корисникот, КАМ ДОО ИЛИНДЕН е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност созакон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку КАМ ДОО ИЛИНДЕН утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. КАМ ДОО ИЛИНДЕН е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења

Рокови на чување на Вашите лични податоци

Податоците кои се обработуваат од страна на КАМ ДОО ИЛИНДЕН за цели на остварување на вашите права ќе се чуваат согласно законските рокови, а податоците кои се обработуваат согласно дадена согласност ќе се чуваат  се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.

Кои се Вашите права?

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право напристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост),упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: office@kam.com.mk

Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да

поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.