Пронајди
21.10.2026
Сите новости
Успешно го заокруживме КАМ Караванот за регрутација каде што повторно имавме можност да се сретнеме со заинтересирани кандидати, да ги претставиме можностите за вработување, бенефициите кои ги нуди нашата компанија и да разговараме за професионалниот развој во КАМ.
Со посетата на повеќе градови, направивме уште еден чекор поблиску до идните членови на нашиот тим и создадовме можност за нови професионални почетоци.
Ви благодариме на сите што нè посетивте, покажавте интерес и бевте дел од нашата приказна!
16.10.2026
КАМ Караванот денес пристигна и во Велес!
Во Велес нè пречека одличен интерес од страна на кандидатите, со кои разговаравме за можностите за работа, професионалниот развој и бенефициите што ги нуди КАМ.
Продолжуваме да ја претставуваме нашата компанија одблиску, да ги споделуваме можностите за вработување и да ги поддржуваме оние кои се подготвени за нов чекор во својот кариерен пат.
Следете нè и бидете во тек со нашата рута и во текот на следната недела!
14.10.2026
Денес повторно бевме дел од Кариерниот ден на Економскиот факултет при УКИМ!
Имавме одлична можност да се запознаеме со студентите, да им ги претставиме кариерните насоки што ги нуди КАМ и да разговараме за професионален развој, платена пракса и можности за вработување во нашата компанија.
Веруваме дека младите се важен дел од иднината и дека со вистинска поддршка, насоки и посветеност можат да направат големи чекори во својата кариера.
Голема благодарност до сите студенти кои нè посетија, покажаа интерес и поразговараа со нашиот тим. Ни беше задоволство да ве запознаеме и да ги споделиме перспективите за градење кариера во КАМ!
Се надеваме дека ова е продолжение на многу успешни приказни.