КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп !
Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвора нов 5-ти маркет во Прилеп, лоциран на улицата „Цар Самоил“ бр. 28.
Новиот маркет се простира на вкупна површина од над 733 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 555 квадратни метри, речиси 120 квадратни метри се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории.
Во рамките на маркетот има и пекарница во која прилепчани ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите на „КАМ“ обезбеден е бесплатен паркинг простор за 117 возила.
– Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 77. маркет. Со асортиман кој го сочинуваат околу 1700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани – велат од „КАМ“.
Маркетот е во склоп на “КАМ центар“, кој наскоро ќе ги отвори вратите за јавноста. На 2200 квадратни метри, во современиот простор на „КАМ центар“ ќе бидат лоцирани повеќе брендови од различни дејности, чии имиња ќе се објават наскоро. Овој објект значително ќе придонесе за збогатување на шопинг искуството во градот.
ОТВОРАЊЕ НА НОВ КАМ МАРКЕТ ВО ПРИЛЕП !
Улица “ЦАР САМОИЛ” Бр. 28
Работно време: од 08:00 до 21:00
На површина од 519 м2
ОТВОРАЊЕ НА НАЈГОЛЕМОТ КАМ МАРКЕТ ВО ГЕВГЕЛИЈА !
Улица ИНДУСТРИСКА Бр. 18а
Работно време: од 08:00 до 21:00
На површина од 795 м2
ОТВОРАЊЕ НА 76 КАМ МАРКЕТ ВО ДЕЛЧЕВО 09.11.2022
Повторно отворање на КАМ МАРКЕТ Битола / 16.07.2022




Отворање на КАМ Маркет во ЦЕНТАРОТ на Скопје (поранешен Цветен пазар) 27.12.2021
Отворање на реновиран КАМ маркет во Козле, Скопје


Отворање на КАМ маркет во Тетово (Prima Center)
Со големо задоволство го објавуваме отворањето на нов #КАМмаркет. Овој модерно уреден маркет на површина од 634м2 се наоѓа во склоп на трговскиот центар Prima во Тетово.
Маркетот поседува и сопствена КАМ пекара, а самиот трговски центар поседува и соодветен паркинг простор.
Повторно отворање на КАМ маркет во Охрид (KAM VILLAGE)
На 08ми јули го отворивме повторно нашиот КАМ маркет во Охрид (поранешен Отекс, сегашен KAM Village трговско-забавен центар).


РЕНОВИРАЊЕ НА КАМ МАРКЕТ – ДЕБАР МААЛО (29.05.2021)
Повелете во нашиот реновиран #KAM маркет во Дебар Маало.
Проширен асортиман; свежо месо, богата понуда на производи за козметика и хигиена, основни прехранбени производи, десертни производи и грицки, алкохолни и безалкохолни пијалоци, средства за сончање, здрава храна, свежо овошје и зеленчук и уште многу други понуди и новитети.
Ве очекуваме!
ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА КАМ МАРКЕТ – ГОСТИВАР (01.03.2021)
Со особена гордост КАМ маркет повторно го отвори сега реновираниот, пофункционален и попрегледен маркет во Гостивар.
Површина на маркетот: 340 м2
Адреса: ул. Беличица бб (Кланица Горни Полог)
Овој маркет нуди пријатна атмосфера за пазарување, а понудата на производи е сеопфатна и во себе вклучува категории на високо квалитетни производи по економични цени, познати и докажани брендови, како и сопствени проверени марки. Ве повикуваме да го посетите маркетот што поскоро.
ОТВОРАЊЕ НА НОВ КАМ МАРКЕТ – ВЛАЕ(24.02.2021)
На 24ти февруари го отворивме нашиот нов, модерен маркет во Влае, како дел од комплексот GardenInn.
Локација: ул. 1606 бр.2 (населба ВЛАЕ, близу Лукоил)
Работно време: 07.30 – 22.00 часот
На самото отворање посетителите имаа можност да искористат:
– ограничени колични од производи за домаќинство одвоени само за овој настан
– попусти и изненадувања
*Дополнително, ве информираме дека на 22.02.2021 го затворивме маркетот на адреса “Иван Цанкар” бб. Ве очекуваме во новиот маркет на адреса ул. 1606 бр.2, близу Лукоил.
ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА КАМ МАРКЕТ ВО СТРУМИЦА (11.02.2021)


КАМ ИНФОРМИРА
Добра вест за жителите на Ресен и околината: денеска на 6-ти април КАМ ги отвори вратите на НОВИОТ КАМ МАРКЕТ на ул. „Ленинова“ бр. 25! Овде ќе најдете квалитетни производи од домашни и странски брендови со типични, дисконтни КАМ-цени. Накусо, мaркет во кој вашите пари вредат повеќе. Нашиот тим во КАМ Ресен со нетрпение ве очекува!
Почитувани жители на Гевгелија!
КАМ со гордост информира дека денеска во сабота, на 26 јануари во 7.30 часот ги отворивме вратите на реновираниот КАМ маркет во Гевгелија на улица „Слободан Митров Данко“ бб! По тој повод Ви подготвивме СУПЕР ПОНУДА по СУПЕР ЦЕНИ кои ќе важат само во овој маркет до исцрпување на залихите. Искористете ги овие понуди и акции по одлични цени! Ви благодариме што не посетувате во огромен број и со Вашето присуство го збогатувате овој настан.
Тимот на КАМ Гевгелија нестрпливо ве очекува!
КАМ ИНФОРМИРА:
Празник за Гевгелија и гевгеличани и за сите останати граѓани на Македонија – сите вие бидете дел од радосниот настан! Во сабота, 26.01.2019 во 07.30 ч. се отвора реновираниот КАМ маркет во срцето на нашиот најтопол град Гевгелија, на ул. „Слободан Митров Данко“ бб! Ве очекува СУПЕР ПОНУДА по СУПЕР ЦЕНИ кои ќе важат само во овој маркет до исцрпување на залихите. Искористете ги овие понуди и акции по одлични цени!
Тимот на КАМ Гевгелија нестрпливо ве очекува!
Во Белград Лидл, во Неготино КАМ манија: Битка за евтини копани и банани!
Ако минатата недела Балканот сведочеше на долгите колони за евтино пилешко на отворањето на ланецот маркети Лидл во соседна Србија, вчера во Неготино, истата слика можеше да се види пред новоотворениот маркет КАМ.
КАМ информира:
Празник за Неготино – бидете и вие дел од настанот!
Во среда, 24.10.2018 во 07.30 ч. се отвора НОВ КАМ маркет на ул. „Партизанска“ бр. 29 во Неготино. Ве очекува СУПЕР ПОНУДА по СУПЕР ЦЕНИ кои ќе важат само во овој маркет до исцрпување на залихите! Искористете ги овие понуди по одлични цени!
Нашиот КАМ тим Неготино ве очекува!
Локација: http://maps.google.com/maps?q=41.489741,22.094979
КАМ ИНФОРМИРА
Кам – најголемиот синџир на хард-дисконти во Македонија и лидер на пазарот, со најголем број маркети, на 21. јули го отвора 70-тиот јубилеен маркет во Македонија, во Дебар.
Сакаме во оваа прилика да им се заблагодариме на нашите верни купувачи, кои со својата доверба и лојалност во текот на сите овие години придонесоа за нашиот успех.
Вашето задоволство за нас е секогаш на прво место!
Со почит и благодарност,
Ваш КАМ
Почитувани Дебарчани,
Со големо задоволство Ве информираме дека го отворивме нашиот јубилеен 70-ти маркет во Вашиот град со симболично сечење на црвената лента. Маркетот го наполнивме со Вашите омилени производи, но подготвивме и многу попусти и изненадувања. Ви Благодариме за Вашата посета во огромен број и бидете сигурни дека ќе одговориме на Вашите барања, бидејќи нашиот услужлив КАМ тим е подготвен и Ве очекува на заедничко дружење.
Со Почит,
Ваш КАМ
КАМ ИНФОРМИРА!
КАМ со гордост информира дека во среда, на 1. август во 7.30 часот ги отворивме вратите на реновираниот КАМ маркет ГТЦ – Скопје!
Ви благодариме што не посетивте во огромен број и со Вашето присуство го збогативте овој настан.
Вашиот услужлив КАМ тим Ве очекува!
КАМ ИНФОРМИРА
Утре (сабота, 21.04.2018) во 07.30 часот ве очекуваме на отворањето на новиот КАМ маркет во нас. Мичурин во Скопје, на ул. „Венијамин мачуковски“ бр. 34.
Ве очекува СУПЕР ПОНУДА по СУПЕР ЦЕНИ кои ќе важат само во овој маркет и само на денот на отворањето! Бидете дел од историскиот настан, искористете ги овие понуди по одлични цени!
Вашиот КАМ тим ве очекува со нетрпение! 🙂
КАМ ИНФОРМИРА
Добра вест за жителите на Кисела Вода и околината: во сабота, 17.02.2018 во 07:30 часот КАМ ги отвора вратите на НОВИОТ КАМ МАРКЕТ на ул. „Михаил Чаков“ бр. 5! Овде ќе најдете квалитетни производи од домашни и странски брендови со типични, дисконтни КАМ-цени. Накусо, мaркет во кој вашите пари вредат повеќе. Нашиот тим во КАМ Кисела Вода со нетрпение ве очекува!
КАМ информира:
Празник за Бутел – бидете и вие дел од настанот!
Во сабота, 16.12.2017 во 08.00 ч. се отвора НОВ КАМ маркет на ул. „Петар Манџуков“ бр. 16 во срцето на Бутел. Многу изненадувања за сите посетители.
Нашиот КАМ тим Бутел ве очекува!
Почитувани жители на Крива Паланка,
Нашиот тим напорно работеше да Ви излезе во пресрет на Вашите желби и конечно денеска, на 18 ноември, ги отвори вратите на Вашиот нов КАМ маркет во Крива Паланка. По тој повод подготвивме специјални цени и попусти за Вашите омилени производи. Ве очекуваме на заедничко дружење да го одбележиме настанот.
Почитувани потрошувачи,
Ни претставува големо задоволство да Ве информираме дека на 28 Октомври, на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово, свечено ги отворивме вратите на реновираниот КАМ Маркет. По тој повод подготвивме специјални цени и попусти за Вашите омилени производи. Ве очекуваме на заедничко дружење да го одбележиме настанот.
Почитувани потрошувачи!
КАМ со гордост информира дека во сабота, на 19 Август во 7.30 часот ќе ги отвориме вратите на долго очекуваниот нов КАМ маркет во Маџари. За да ја наградиме Вашата стрпливост подготвивме многу изненадувања и подароци. Ве покануваме заедно да го одбележиме овој ден и да се дружиме.
Ве очекуваме!
Секогаш Ваш КАМ.
локација: МАПА СО ЛОКАЦИЈА
ЛОКАЦИЈА НА МАРКЕТОТ
КАМ со гордост информира дека во сабота, на 1. јули во 7.30 часот ги отворивме вратите на реновираниот КАМ маркет на улица „Охридска“ бр. 1, во срцето на Кавадарци!
Ви благодариме што не посетивте во огромен број и со Вашето присуство го збогативте овој настан.
Вашиот услужлив КАМ тим Ве очекува!

КАМ ИНФОРМИРА
Во сабота, 17.06.2017 во 07:30 часот го отворивме реновираниот КАМ маркет на улица „Маршал Тито“ бб. 138 во Велес! Денот на отворањето беше исполнет со специјални попусти, подароци и други пријатни изненадувања. Ви благодариме што со Вашето присуство го збогативте убавиот настан!
Нашиот УСЛУЖЛИВ КАМ тим е секогаш тука за Вас!

Задоволство ни е да Ве информираме дека денеска, на 24 Мај, го отворивме целосно реновираниот маркет во Струмица на Ул. „Гоце Делчев“ бб.
Дојдете навреме за специјалната понуда на денот на отворањето! Изненадувања за сите посетители!
Нашиот КАМ тим ве очекува. Добредојдовте!

Во среда на 10 мај, во 8.00 часот за вас свечено се отворија вратите на нашиот реновиран маркет на ул. „Јане Сандански“ бр. 55 во Тетово! Маркетот од 179м2 е комплетно реновиран за ваше поудобно пазарување, така што сега е уште пофункционален и попрегледен. Асортиманот е дополнет со сопствени марки на КАМ, по добро познатите ниски цени.
Нашиот услужив КАМ тим ве очекува!
Во сабота, 06.05.2017 год. свечено ги отворивме вратите на долго очекуваниот КАМ маркет во нас. Ченто на ул. „Маџари“ бб! Ви благодариме што не посетивте во огромен број!
Нашиот КАМ-тим е секогаш тука за Вас!

Празник за Сарај и сарајлии! Во сабота, 29.04.2017 во 07:30 часот го отворивме новиот КАМ маркет на улица „20“ бр. 138 во срцето на Сарај! Денот го исполнивме со специјални попусти, подароци и други пријатни изненадувања. Ви благодариме што со Вашето присуство го збогативте убавиот настан!
Нашиот КАМ тим ве очекува!

Дојдете навреме за специјалната понуда на денот на отворањето! Изненадувања за сите посетители!
Нашиот КАМ тим ве очекува. Добредојдовте!

Во петок на 23 Декември го отворивме новиот КАМ маркет во населба Илинден – Скопје! Ве покануваме на заедничко дружење и мала забава за возрасните и најмалите во текот на целиот ден. За нејсреќните купувачи КАМ маркет подготви мали изненадувања на крајот од денот.
Нашиот КАМ тим ве очекува! Добредојдовте!

КАМ ИНФОРМИРА:
Во сабота, на 22 октомври, во Струга беше свечено отворен третиот КАМ маркет, лоциран во непосредна близина на Градскиот пазар, на 360 м2 продажна површина. Покрај постоечките маркети во Струга (до бензинската на „Макпетрол“ и наспроти мебел „Љачка“ на ул. „Партизанска“), со овој нов маркет, приватните марки на КАМ производите со врвен квалитет и ниски цени ќе станат уште подостапни до големиот број жители од Струга и околината.
Добредојдовте во новиот КАМ маркет – нашиот тим ве очекува!
КАМ ИНФОРМИРА:
Во сабота, 8 октомври 2016, во 07.30 часот КАМ го отвори својот реновиран маркет во Штип, на ул. „Сремски фронт“ бр. 7.
Дојдете навреме за специјалната понуда на денот на отворањето! Изненадувања за сите посетители!
Вашиот КАМ тим се радува на Вашата посета!
КАМ ИНФОРМИРА:
Во понеделник, 29. август 2016, КАМ повторно го отвори својот реновиран маркет во Влае, на ул. „Ангел Динев“ бр. 3а.
Дојдете навреме за специјалната понуда на денот на отворањето! Изненадувања за сите посетители!
Нашиот КАМ тим ве очекува. Добредојдовте!
КАМ ИНФОРМИРА:
Во петок, 19. август 2016, во 07.30 часот КАМ повторно го отвори својот реновиран маркет во Кисела Вода, на ул. „Христо Татарчев“ бр. 69.
Дојдете навреме за специјалната понуда на денот на отворањето! Изненадувања за сите посетители!
Вашиот КАМ тим се радува на Вашата посета!
КАМ ИНФОРМИРА:
Отворен новиот КАМ маркет на Новоселски пат (Ново Село, Скопје)!
Во сабота, на 6. август со сечење на црвена лента свечено беше отворен долгоочекуваниот КАМ маркет на Новоселски пат. Редиците од задоволни и насмеани купувачи сведочеа за ценењето за квалитетот и цените кои ги наоѓаат само во КАМ маркет. За бројните посетители имаше пријатни изненадувања и подароци.
Работно време на маркетот е од понеделник до сабота: 08:00-22:00 часот, и во недела: 08:00-17:00 часот.
Нашиот КАМ тим ве очекува! Добредојдовте!
КАМ ИНФОРМИРА:
Со големо задоволство Ве известуваме дека во сабота, 6. aвгуст 2016, повторно го отворивме КАМ маркет на ул. „50. Дивизија“ бб (кај МВР).
Нашиот КАМ тим ве очекува.
КАМ ИНФОРМИРА:
Во сабота 30 јули започна со работа реновираниот КАМ маркет Аеродром со површина од 260 м2 кај Воениот базен на ул. „Ангел Димовски“ бр. 4.
Нашиот КАМ тим ве очекува. Добредојдовте!
КАМ ИНФОРМИРА:
На 13 Јули го отворивме новиот КАМ маркет во Тетово со површина од 276 м2. на „Илинденска“ 217а. Очекувајте широк асортиман на производи и редовна достава на свежо овошје и зеленчук. Комплетно пристапен и адаптиран, со сопствени паркинг места.
Ве очекуваме на новата локација!