fbpx

Постапка за поднесување на потрошувачки приговор и рекламации

Согласно Закон за заштита на потрошувачите, имате право да поднесете потрошувачки приговор и тоа:

Директно на е-маилот potroshuvachki.prigovor@kam.com.mk

Писмено или усно во седиштето на компанијата ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден Скопје

На нашата веб-страница   https://kam.com.mk/kontakt-informatsii/

Вашите лични податоци се заштитени согласно Законот

Потрошувачкиот приговор треба да содржи:

  • Име, презиме и адреса на поднесувачот
  • Субјектот на кој се однесува приговорот
  • Предмет на приговорот
  • Прецизен опис на барањата
  • Придружна документација која е потребна при разгледување на приговорот

КАМ ДОО Илинден е должен да го евидентира потрошувачкиот приговор, да го разгледа, соодветно да постапи и да му одговори на потрошувачот за основаноста и резултатите од постапувањето во рок од 15 дена од приемот.

 

Рекламации:

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, стоката која не е соодветна во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, може да се замени со стока што има соодветен квалитет, во рок од 15 дена сметано од денот кога стоката му е продадена на потрошувачот.

Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзиниот изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и фискалната сметка што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот немаме соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на потребите на потрошувачот, истиот има право, по свој избор да бара:

–  враќање на платениот износ или

–  да ја замени стоката со друга соодветна стока во моментот кога ќе располагаме со истата.

Потрошувачот кој барал замена на стоката, ќе биде известен дека располагаме со соодветна, во рок не подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.

Гаранцијата на производителот, како и останатите права од законот во врска со неисправни производи, важат независно од ова.

Пред враќањето или замената на производот, Ве молиме обратете се до нашиот персонал на касата.