КАМ е еден од најуспешните маркети на прехранбени производи во Македонија. Ова го потврдува и фактот дека КАМ во моментов поседува 80 маркети низ Македонија и што секоја година продожува трендот на експанзија. Со натамошниот развој на мрежата од маркети, целта ни е нашите продавници да им ги приближиме на нашите купувачи што е можно повеќе, и на тој начин да покажеме колку е КАМ навистина Ваш маркет во соседството.
КАМ маркет постојано е во потрага по земјиште, малопродажен простор и објекти за под наем и продажба ширум Македонија.
За да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи, планираме отворање на нови маркети во сите делови од Македонија.
Затоа сме заинтересирани за купување или закуп на градежен, неизграден имот од минимум 1.100 метри квадратни на локации со добри транспортни врски, односно деловен простор од 300 до 400 метри квадратни, со паркинг простор за најмалку 20 патнички возила. Предвид доаѓаат општини со минимум 15.000 жители, на локации долж главните сообраќајници во населени места и во урбаните центри, како за купување, така и за изнајмување на земјиште или деловен простор.