
Нашето општество, околината и нашето претпријатие континуирано се развиваат. Поради тоа е потребно да се приспособат и принципите на нашето претпријатие. Во иднина нив ќе ги надополнуваме со три подрачја: раст, придржување кон правните прописи (Compliance) и долгорочната одржливост на работењето.
Како претпријатие кое дејствува меѓународно, свесни сме за нашата големина и присутност во јавноста. Нашето работење го карактеризираат нашите принципи на претпријатието и принципите на однесување.
- Карактеристика на нашето работење е задоволството на потрошувачите.
 - Нашата позиција на пазарот ја детерминира промислениот однос цена-услуга.
 - Нашиот раст продолжува понатаму преку експанзија и преку постојано подобрување во нашите маркети.
 - Како претпријатие составено од мрежа маркети, работиме по систем.
 - За нашиот успех пресудни се кратките патишта на одлучување и едноставните работни процеси.
 - Се придржуваме кон важечкото право и интерните упатства (или: процедури).
 - Во нашето секојдневно работење преземаме економска, социјална и еколошка одговорност.
 - Фер-работењето е императив спрема секого во компанијата.
 - Заемно се почитуваме и се поддржуваме.
 - Кон спогодбите се придржуваме во клима на доверба.
 - Работната клима во нашето дневно работење се одликува со пофалба, признание и способност да се прими критика.
 - Опкружени сме со лојални вработени – во секој сектор е обезбедена и замена.
 


