КАМ со дополнителни производи во Новогодишната кошничка
Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, ги објавуваме производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничка 15.12.2024-15.01.2025 год.
Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листа на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски марки како Bella Farm, Rancho, Gusto, Sunny Fantasy, Saluti, Милорд, Chardak итн. со цел дополнително да ја зголеми понуда на производи по намалени цени за своите потрошувачи.
Секој производ што влегува во новогодишната кошничка ќе биде јасно обележен со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Редовните промотивни активности како и секоја година продолжуваме да ги реализираме со зголемен обем со желба на купувачите да им ги направвиме празниците поубави со тоа што секој потрошувач ќе може да си купи празнични производи со висок квалитет по ниски цени.
Производите веќе се достапни да се погледнат и на веб-страницата mojakosnica.mk која е отворена во рамки на владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, на FB профилот – Моја кошница, како и на веб страницата и официјалните канали на соц.медиуми на КАM