fbpx

Филозофија

Се концентрираме на најбитното

Нашиот хард-дисконтен принцип ни овозможува да обезбедиме највисок квалитет на производи по најниски можни цени. Оваа вредност произлегува од зголемената ефикасност што ја имаме воведено на секое ниво од нашето работење.
Во КАМ маркет потрошувачите ќе најдат производи кои му нудат најголема корист и со најдобар можен квалитет, а по константно ниски цени. Тоа ни е од пресудна важност.

Дисконтниот принцип на КАМ маркет се концентрира на следните битни фактори за успех:

Ограничен асортиман

Од понудата која ја прибираме од разни делови на светот, за нашите купувачи формираме внимателен избор. Во нашиот стандарден асортиман нудиме основни артикли за секојдневна употреба и висококвалитетни акциски артикли секоја седмица. Брзиот промет на стоките претставува гаранција за нивната свежина. Ограничената понуда на стоки и прегледната презентација на стоките кои се исти во сите маркети, создаваат предности во цената. На овој начин можеме на нашите муштерии трајно да им нудиме најповолен сооднос цена-квалитет.

Продавници

Маркетите се со скромна големина, скромни се и едноставни, изградени со одржливи карактеристики и препознатлив дизајн и идентитет кој се вклопува во околината, при што на ум ги имаме долгорочните заштеди. Сето ова придонесува во нашите маркети да се долови суштината на штедењето и заштедата за муштериите. Нашите маркети се едноставни и прегледни, производите се изложени на гондолите во картонски кутии, со што се заштедува време и персонал за редење и надополнување на залихите.

Интерната дистрибутивна мрежа ги рационализира оперативните процеси и драстично ја зголемува ефикасноста, кое резултира со уште поголема заштеда за нашите муштерии.

Бескомпромисен квалитет

Доследната ориентираност кон квалитет ни осигурува пробив на полето на конкурентноста. Заедно со нашите добавувачи, за нашите муштерии постојано ја доразвиваме понудата во нашиот висококвалитетен асортиман. Постојаната сопствена интерна Контрола на квалитет и тековните дополнителни контроли во независни лаборатории за тестирање, трајно го обезбедуваат квалитетот на нашите стоки.

Висококвалитетни приватни марки

КАМ маркет доследно се фокусира на проширување на сопствените марки, како што сe „Алпико“, „Фиеста“, „Камко“, „Рио“, „Casa KАМ“, „Дентамед“, „Милорд“, „Лалин“, „Blue Sea“, „Вита“, „Солис“, „Бела Фарм“ и др. Со нашите сопствени марки нудиме поповолни цени и подобро го контролираме квалитетот.

Одговорно менаџирање

Нашето раководство се одликува со висока одговорност и голема компетентност во одлучувањето. Eдноставните процеси и рамната структура овозможуваат кратки патишта на одлучување. Тие се темел за ефикасно работење со свесност за трошоците и за брзо дејствување.

Формираме најдобри можни цени

Грижливото и ефикасно стопанисување е дел од дневното работење во КАМ маркет. Со помош на нашиот систем на заштеда на трошоците, постојано следиме чесна и фер ценовна политика, а во корист на нашите муштерии. Секогаш кога тоа ни е можно, на пример при намалување на цените на сировините, заштедата им ја пренесуваме на нашите муштерии и веднаш ги намалуваме нашите продажни цени.