fbpx

Зборуваат за нас…

КАМ-Македонскиот бр.1 осма година по ред префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

Прочитајте повеќе на faktor.mk

КАМ маркет осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат

🥇Осма година по ред КАМ е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2024 година според потрошувачите, покажаа истражувањата спроведени од Инсајдер ИД 🚀
Приближно 72% од потрошувачите го избрале КАМ маркет како место за пазарење! 🙌
Освен како најпрефериран ланец на маркети, КАМ зазема прво место и во поткатегориите:
✅ НАЈВИСОКА ЛОЈАЛНОСТ на потрошувачи
✅ Најдобар сооднос ЦЕНА-КВАЛИТЕТ
✅ Најдобра ЛОКАЦИСКА ПОКРИЕНОСТ
Подетални информации прочитајте на: https://insider.mk/istrazuvanja/preferred2024/

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид, како дел од активностите за заштита на животната средина

Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.

Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.

Менаџерскиот тим на КАМ со овој потег го става фокусот на екологијата и се фокусира на компаниската цел да ги мотивира своите лојални потрошувачи  да се вклучат во исклучително важна приказна којашто ќе помогне да се минимизира отпадот и да се подобри квалитетот на живот во секој град во Македонија.

– Сметаме дека секоја активност што го подобрува нашето општество е вредна за да се вложиме во неа, а среќни сме што нашите купувачи нè следат во секој општествено одговорен аспект од самиот почеток. Секако, ова не е само една акција на која ќе се посветиме. За еколологијата и подигање на свеста на луѓето за ова прашање континуирано мора да работиме и да ја развиваме заеднички, без разлика дали на компаниско или индивидуално ниво. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде мотив да се вклучат и останатите компании, за да направиме една подобра, поздрава и почиста земја – велат од менаџментот на КАМ.

Преку бесплатната апликација „Пакомак“, наречена „Ecomac“, секој купувач ќе може да го скенира баркодот кој се појавува на апликацијата и по фрлање на отпадот во вендинг-машината ќе добие зелени поени кои носат ваучери за попусти, како и попусти при плаќање јавни услуги, комунални трошоци, донации итн. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод кој е „поврзан“ само со неговата лична одговорност и еколошка свесност.

Во иднина КАМ останува отворен за соработка за нови креативни проекти кои се насочени да ја подобрат средината во која живееме и еколошката состојба во која секој од нас работи и придонесува.

 

ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАМ МАРКЕТ И РЕГРЕС ОД 41.000 ДЕНАРИ! 📈 💵🤝

Oд мај годинава, KAM ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто, а регресот за 2024 го зголеми за 10 отсто во споредба со минатата година, односно годинава изнесува 41.000 денари.
Со конкурентни плати и бројни бенефиции, КАМ креира позитивна работна атмосфера, задоволен и продуктивен тим. 🤝
Повеќе информации за дополнителните бенефиции на вработените во КАМ, прочитајте на линкот.

КАМ – Лидер помеѓу трговските синџири со најголеми приходи за 2023 година!

Со посветеност кон производи со висок квалитет по пристапни цени и задоволство на потрошувачите, КАМ повторно го зазема првото место на македонскиот пазар за малопродажба за изминатата година.

Подетални информации прочитајте на следниот линк.

 

ЕБОР со кредит од шест милиони евра за поддршка на планот за развој на КАМ!

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша кредит во износ од шест милиони евра со малопродажниот ланец на маркети КАМ во Северна Македонија во насока на, како што соопшти денеска ЕБОР, поддршка на зелената експанзија.

Подетални информации прочитајте на следниот линк.

Министерот Бектеши во посета на Логистичкиот центар на КАМ маркет!
Повеќе информации на следниот линк:

https://kanal5.com.mk/bekteshi-poevtinuvanjeto-na-prehranbenite-proizvodi-se-pochituva-vo-marketite/a601666

Кам останува најпосакуван работодавач – го зголемува регресот за годишен одмор на 37.600 ден. за сите вработени

Прочитајте повеќе на следниот линк:

КАМ е лидер од трговски синџири со најголеми приходи 

https://pari.com.mk/vo-osum-marketi-sme-potrosile-880…/

 

Кам во континуитет го држи првото место на исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци

Прочитајте повеќе на следниот линк

https://vecer.mk/ekon…/vero-i-kit-go-davaat-najmali-plati/

КАМ Маркет во соработка со Банка за храна Македонија за поддршка на кампањата “НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР”

 

 

Ново зголемување на платите во КАМ маркет

17 мар 2023
Прочитајте повеќе на: www.instore.mk

5 ЈАНУАРИ 2023

За повеќе детски насмевки го обновивме игралиштето пред КАМ маркет во Дебар Маало! ⚽️👫
Ново обновено катче за детска игра и маалска дружба на 156 метри квадратни. 🪁
👉 Како општествено одговорна компанија, остануваме посветени на проекти што придонесуваат за зајакнување и поддршка на заедницата.
Најмладите се нашата иднина! 👌
Пакетчиња и пакети храна од „КАМ“ за топли срца и среќни празници ! 🥰🎁
🔴 Најголемиот малопродажен синџир „КАМ маркет“ и оваа празнична сезона реализираше повеќе хуманитарни акции во согласност со својата политика на општествено одговорна компанија.
🔴 За топли срца и насмевки на детските лица, „КАМ“ донираше 3.200 новогодишни пакетчиња, кои беа дистрибуирани до најмладите во соработка со голем број општини низ Македонија.
🔴 Дополнително беа подготвени пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
❤️ Ваквите акции кои се повеќегодишна пракса во „КАМ“, се спроверуваат директно или во соработка со хуманитарната фондација „Вања Камчев Скопје“.

 

11 ноември 2022

 

KAM маркет 6-та година по ред е избран како префериран синџир од страна на потрошувачите! 🥇
Дополнително КАМ е на прво место во категориитe:
🥇 рангирање на маркети според лојални потрошувачи
🥇 најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот
🥇 најдобра локациска покриеност
И понатаму остануваме посветени секојдневно на потрошувачите да им обезбедуваме производи со висок квалитет по ниски цени!
Ви багодариме за лојалноста! 🙏
Прочитајте повеќе за ова истражување тука 👇

 

 

 

 

13 октомври 2022

 

 

Кам-маркет, најмногу ги плаќа своите вработени ! Прочитајте повеќе за ова истражување на линк. во прилог ⇩⇩⇩

 

 

 

 

 

18 јуни 2022

Прочитајте повеќе за најголемиот логистички центар во државата:

 viber_image_2022-06-20_08-05-59-233
KAM маркет е по 5ти пат одбран како префериран синџир од страна на потрошувачите. Прочитајте повеќе за ова истражување тука>>> https://insider.mk/istrazuvanja/top3retailmkd

258320955_10160980891304863_8385549762203252722_n

Признание за придонес кон остварувањето на Целите за одржлив развој

На 23.06.2021 година во Скопје на гала-церемонија здружението Конект ги одликуваше новите предводници на Целите за одржлив развој (Sustainable Development GoalsSDGs) на компании, поединци и млади бизнис лидери од компании.

Признание за придонес кон остварувањето на Целите за одржлив развој и беше доделено и на компанијата КАМ маркет.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите. Заедно, преку храбри чекори и соработка помеѓу сите сектори на општеството, можеме да ставиме крај на екстремната сиромаштија, да се бориме против нееднаквоста и да се справиме со климатските промени.

 

 

08 Февруари 2021

Со голема чест и задоволство споделуваме дека оваа година, на 99-годишнината од Стопанската комора на Македонија, основачот и сопственикот на нашата компанија “КАМ”, како и претседател на “КАМ холдинг”, Гоце Камчев, ја прими наградата за долгогодишна коморска активност.

Врачувањето на наградата се одвиваше во просториите на дирекцијата на “КАМ холдинг”, каде претседателот на стопанската комора Бранко Азески го изрази својот интерес за идните планови и проекти на компанијата, како и своите честитки за изминатата успешна година. Воедно, се разговараше и за “Best Buy” признанието кое маркетот КАМ го поседува и кое е потврда за најдобар сооднос цена и квалитет во годината 2019-2020. Сопственикот Камчев информираше за новите инвестиции во отворање на нов логистички современ центар од 1800 м2 со инвестиција од 20.000.000 евра, како и ја сподели веста за отворањето на 8 нови сопствени маркети од 700 до 900 m2 во ритејл маркети центри.

КАМ холдинг е компанија членка на стопанската комора на Македонија и истата низ годините има добиено мноштво награди и признанија.


0AB73E83-0766-4C0B-BCBB-480BF357CE04

 

 

02 Септември, 2020

На заедничка иницијатива на КАМ ДОО Скопје и Црвениот крст, КАМ како општествено одговорна компанија продолжува, со посредство на Црвениот крст или директно до општините, да им дава поддршка на социјално ранливите категории граѓани. Овојпат помоштa беше доставена до социјално загрозени семејства во општините: Битола, Валандово, Радовиш, Ресен, Струмица, Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Илинден и Аеродром, со што директно придонесува во ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. КАМ предаде донација од материјална помош, односно 675 социјални пакети со единечна вредност на пакетот од околу 1000 денари, или вкупно 10.222 евра, односно 633.825 денари. Официјалното примопредавање на донацијата го извршија претставник на компанијата и претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-дин Ромел Велев.
Хуманоста покажана на дело беше одбележана со настан на примопредавање на донацијата во просториите на Црвениот Крст, меѓу претставници на двете здружени страни во знак на добра волја, солидарност и натамошна успешна соработка, со цел да му се помогне на населението во моменти кога тоа им е најпотребно. Пакетите за социјално ранливите категории граѓани се состојат од прехрамбени и непрехрамбени основни производи во вредност од околу 1000 ден.
Нашата компанија продолжува да соработува и со поединечни општини на ниво на Р.С.Македонија, заеднички да им се помогне на загрозените и да им се пружи безрезервна поддршка на семејствата. Соработка остваривме со вкупно 11 општини (Општина Гевгелија, Општина Гостивар, Општина Струга, Општина Штип, Општина Кавадaрци, Кочани, Крива Паланка, Неготино, Бутел, Чаир), а во тек се подготовки за донации и за уште 7 општини (Дебар, Кичево, Сарај, Куманово, Охрид, Прилеп и Ѓорче Петров). Со тоа нашата компанија на овие општини ќе им предаде донација од 1200 социјални пакети со единечна вредност на пакетот од 939 денари, во вкупна вредност од 18.320 евра, односно 1.126.800 денари.
Новонастанатата ситуација со КОВИД-19 наметна и нови предизвици во општеството кај сите компании и институции во државата, но најголемиот притисок беше ставен врз здравствениот систем. КАМ ДОО не ги изостави ниту здравствените работници кои покрај директната изложеност и големиот ризик по сопственото здравје, континуирано и храбро се борат за здравјето и животите на сите граѓани во Р.С.Македонија. Донацијата се состои од ваучери за пазарување во вредност од по 1.000 денари и е наменета како поддршка на здравствените работници ширум земјата. Доделени се ваучери на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје, Градската општа болница „8.Септември“ – Инфективно одделение, Центарот за јавно здравје – Скопје и сите останати инфективни одделенија во сите останати болници низ државата (Гостивар, Дебар, Кавадрци, Кичево, Струмица, Прилеп, Штип). Во тек се и подготовките за донации –ваучери за Тетово, Велес, Кавадарци, Куманово и Битола). Донацијата од 570.000 денари за 570 здравствени работници го носи белегот на хуманост и солидарност во период кога сме си потребни едни на други.
Во овие моменти сакаме како компанија на дело да ја покажеме нашата волја и решеност да им помогнеме на граѓаните. Компанијата КАМ ќе продолжи да дејствува во склад со локалната заедница и да има слух за нејзините потреби, а тие вредности особено доаѓаат до израз во вонредни ситуации, кога е неопходно да се биде присутен, солидарен и да им се пружи поддршка и помош на најзагрозените граѓани, а особено на медицинските професионалци кои во овој период имаат клучна улога во грижата за здравјето на секој граѓанин на нашето општество.

118709137_10159909771179863_1033993087019809991_o

 

118768848_10159909694669863_4197064608330653352_o

 

Прочитајте повеќе…

http://kam.com.mk/info-za-potroshuvachi/zboruvaat-za-nas/

 

09 Мај, 2019 – „КАМ МАРКЕТ“- КОЈ Е ГОСПОДАР НА МАЛОПРОДАЖБАТА ВО МАКЕДОНИЈА?

„КАМ“ доминира и лани со приход од 130,6 милиони евра и втора година по ред е најголем ланец маркети…

Прочитајте повеќе…

 

29 Март, 2019 – „КАМ МАРКЕТ“- ДОБИТНИЦИ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ПРИЗНАНИЕ И НАГРАДА ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“
Оваа година Стопанската комора на Македонија, на огромна чест и задоволство, специјалното признание за инвестиции во странство…

Прочитајте повеќе…

 

5 Март, 2019 – „КАМ“ ДОО И „ДАУТИ КОМЕРЦ“ ДОБИТНИЦИ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ПРИЗНАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА…
Оваа година Стопанската комора на Македонија, на огромна чест и задоволство, специјалното признание за инвестиции во странство…

Прочитајте повеќе…

 

7 Ноември, 2018 – Топ 3 Маркети според потрошувачите во Македонија!
Според спроведеното истражување и оваа година на првата позиција е Кам Маркет

Прочитајте повеќе…

 

22 Октомври, 2018 – Клуб 200 најголеми и најуспешни

КАМ Маркет на 16-то место на листата на најголеми македонски компании.

Прочитајте повеќе…

 

21 Јуни, 2018 – Како „газат“ големите ланци на супермаркети?

КАМ Маркет на 13-то место на листата на најголеми македонски компании.

Прочитајте повеќе…

 

15 Октомври, 2017 – Клуб 200 најголеми и најуспешни

КАМ Маркет на 13-то место на листата на најголеми македонски компании.

Прочитајте повеќе…

 

27 Септември, 2017 – Insider.mk

Истражување: Кои се ТОП 3 ланци на маркети според потрошувачите во Македонија?
Прочитајте повеќе.

 

06 ЈУЛИ, 2017 – Faktor.mk

Кам маркети бележат најголеми приходи во 2016 година во износ од 101 милион евра.
Прочитајте повеќе.

 

ЈАНУАРИ, 2017 – EUROMONITOR INTERNATIONAL

КАМ е единствен хард дисконт во Македонија и лидер во малопродажбата со учество од 7% во вкупниот промет во 2016.
Прочитајте повеќе.

 

28 НОЕМВРИ, 2016 – Europian Supermarket Magazine
Macedonia’s KAM Market Starts Regional Expansion

 

НОЕМВРИ, 2016 – Manager Magazin
manager magazin 11/2016

КАМ на картата на најуспешни хард дисконти

Во најновиот број од списанието „Manager Magazin (11/2016), КАМ маркет е вброен рамо до рамо со најдобрите мало-продавачи по принципот „хард дисконт“, воведен од германскиот дисконтен гигант „Aldi уште пред еден век.

Дитер Брандес (75 години) oд Хамбург бил менаџер и член на Управниот одбор на Aldi Nord повеќе oд десет години. Веќе 20 години ширум светот го пренесува своето менаџерско искуство, правејќи успешни копии од оригиналот Aldi. Ширум светот, Брандес и синовите Нилс и Арне, како советници или менаџери имаат помогнато во градењето на дисконтите: Neto (Мексико), Tiendas (Колумбија), Erbi (Чиле), Biedronka (Полска), BIM (Турција), КАМ (Македонија), Ducan (Саудиска Арабија), 700 Market (Јужна Кореја), а под името Bi Yi De сега и во улога на стар-ап бизнисмен влегува во Кина, и тоа уште пред оригиналот Aldi.

Две успешни приказни од Европа се синџирите „BIM “ од Турција и „Biedronka“ од Полска.

Синџирот „BIM“ е всушност пионерска работа на Брандес. Од неговото основање во 1995 па до денес, од 21 бакалница, BIM прерасна во лидер на турскиот малопродажен пазар со 4500 маркети и со регистриран промет од 5,8 милијари евра, остварувајќи добивка пред оданочување од 248 милиони евра. На листата од 250 најголеми глобални малопродавачи на светот, „BIM“ го зазема 167. место.

На барање од португалскиот концерн Жеронимо Мартинс, Брандес го извади од криза малиот полски синџир од маркети што го држеа Португалците. Од 2001 па до денес, синџирот маркети „Бједронка“ нарасна на 2700 маркети, со промет од над 9 милијарди евра. Иронично е што и двете земји (Турција и Полска) сега се изгубен терен за Aldi! Оригиналот Aldi и ден-денес не се осмелува да влезе во Турција, а потенцијалот во Полска, Aldi го откри дури пред неколку години, но стигнаа само до 100 маркети.

Пријателството помеѓу двајцата дисконтни стратези, Дитер Брандес и основачот на КАМ, м-р Гоце Камчев, датира уште од далечните 90-ти години. КАМ се покажа како добар ученик и верен следбеник на форматот хард-дисконт воведен од Aldi, и со своите 63 маркети денес е најуспешен хард-дисконт синџир во регионот.

Г-нот Камчев го дели мислењето на Дитер Брандес: „Ние не го копираме Aldi, ние го копираме Aldi-принципот“.

Ученикот не е над својот учител, туку секој што е добро поучен, ќе биде како својот учител(стара ориентална поговорка)

Objava vo Manager magazin Noemvri 2016a

 

19 JAНУАРИ 2016 – EUROMONITOR INTERNATIONAL

МАЛОПРОДАЖБА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во 2015 година, малопродажбата на прехранбени производи имаше скромно покачување на вредноста од 1% и достигна 90,7 милијарди МКД, како резултат на сериозната политичка криза која изврши негативно влијание врз економското опоравување и довербата на потрошувачите во истата година.

Конкурентно опкружување
КАМ доо ја задржа својата лидерска позиција во доменот на малопродажба на прехранбени производи во 2015 со удел од 6%. Со тоа му ја одзеде водечката позиција на Tинекс MT дооел во 2014, којшто беше лидер во анализираниот период. КАМ доо се покажа високо издржлив во време на криза, успевајќи да го зголеми прометот во текот на целиот анализиран период на продажбата и успешно да го имплементира концептот на хард дисконт, типичен за големи интернационални синџири од дисконти, како што се Aldi и Lidl. KAM доо продолжува да ги снабдува главно потребите на социјално послабиот сегмент на потрошувачи од популацијата во Македонија, како и на љубителите на марки произведени во Германија.