fbpx

Дополнителни информации

Осма година по ред КАМ е македонскиот бр. 1 префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите учесници во анкетата потенцирале дека во КАМ има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

„Инсајдер ИД“ посочуваат дека истражувањето “Преферирани ланци на маркети за 2024-та година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи.

Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24-та година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале KAM како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека КАМ го одржува учеството во последните 4 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

– Со гордост ја добивме веста дека 8ма год по ред сме „Префериран ланец на маркети“, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел , но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери се со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок.

Посветуваме големо внимание на градењето силни односи со нашите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии. Заедно со нашиот тим, постојано ја подобруваме понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Техничката грешка во преводот на декларацијата на путерот ќе биде исправена

Како бренд чиј врвен проиритет се потрошувачите, секојдневно сме во комуникација и одговараме на барањата и потребите на своите ценети потрошувачи. Во таа насока, целосно ги разбираме и почитуваме нивните чувства во врска со ненамерната техничката грешка што се појави на декларацијата на еден од артиклите од нашиот асортиман – германскиот путер „Маркенбутер“. За нас одговорноста кон нашите сограѓани, односно кон целото општество, е од огромно значење и затоа, благодариме на сите кои укажаа на грешката и ни дадоа можност веднаш да реагираме. Штом беше укажана грешката во преводот, продуктот веднаш беше повлечен, по корекција на декларација путерот ќе биде вратен во продажба. Продолжуваме и понатаму транспарентно да соработуваме со сите засегнати страни и имплементирање на законските прописи во секојдневното работење.

Искрено веруваме дека транспарентноста во работата е основа за градење долгорочна доверба меѓу нашиот бренд и потрошувачите. Водејќи се од овие принципи, ние и во иднина ќе продолжиме секојдневно посветено да работиме.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

Ваш КАМ маркет

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид, како дел од активностите за заштита на животната средина

Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.

Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.

Менаџерскиот тим на КАМ со овој потег го става фокусот на екологијата и се фокусира на компаниската цел да ги мотивира своите лојални потрошувачи  да се вклучат во исклучително важна приказна којашто ќе помогне да се минимизира отпадот и да се подобри квалитетот на живот во секој град во Македонија.

– Сметаме дека секоја активност што го подобрува нашето општество е вредна за да се вложиме во неа, а среќни сме што нашите купувачи нè следат во секој општествено одговорен аспект од самиот почеток. Секако, ова не е само една акција на која ќе се посветиме. За еколологијата и подигање на свеста на луѓето за ова прашање континуирано мора да работиме и да ја развиваме заеднички, без разлика дали на компаниско или индивидуално ниво. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде мотив да се вклучат и останатите компании, за да направиме една подобра, поздрава и почиста земја – велат од менаџментот на КАМ.

Преку бесплатната апликација „Пакомак“, наречена „Ecomac“, секој купувач ќе може да го скенира баркодот кој се појавува на апликацијата и по фрлање на отпадот во вендинг-машината ќе добие зелени поени кои носат ваучери за попусти, како и попусти при плаќање јавни услуги, комунални трошоци, донации итн. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод кој е „поврзан“ само со неговата лична одговорност и еколошка свесност.

Во иднина КАМ останува отворен за соработка за нови креативни проекти кои се насочени да ја подобрат средината во која живееме и еколошката состојба во која секој од нас работи и придонесува.

🙌 КАМ повторно беше горд спонзор и на овогодинешното јубилејно издание на FMCG SUMMIT! 🎯💯

На настанот се споделија значајни искуства меѓу бизнисите од FMCG индустријата за најновите трендови, кои го обединуваат креативниот и иновативен потенцијал на самата индустрија. 🚀
Како компанија, веруваме дека само преку континуирано учење и соработка можеме да ја обликуваме иднината на FMCG пазарот и да придонесеме за повисоки стандарди и подобро купувачко искуство за потрошувачите. 🙌
Се радуваме на новите идеи, предизвици и инспирации кои беа споделени на овогодинешниот FMCG SUMMIT!
Дополнително, упатуваме искрени честитки на среќната добитничка која ја освои КАМ кошницата полна со познатите КАМ марка производи. 🤗

 

КАМ МАРКЕТ – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА БИЗНИС ЛИДЕР, ВО КАТЕГОРИЈА МАРКЕТИ – СПОРЕД ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ И БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ЗА 2023!

На 16.10.2024, се одржа првото издание на гламурозната церемонија „Бизнис Лидер“, каде беа доделени престижни награди на најуспешните компании за 2023 година. 🏆🎖

Наградите беа доделени врз основа на строго утврдени критериуми, а, лидерите на македонски компании од различни индустриски гранки беа наградени за исклучителни достигнувања во деловното работење и за придонесот кон економскиот раст на Македонија. 💯 🎯

Со гордост соопштуваме дека КАМ маркет е добитник на наградата „Бизнис Лидер“ во категоријата „Маркети“ – според оставрени приходи и број на вработени за 2023 година. 🙌👏

Упатуваме голема благодарност до нашите потрошувачи – кои се главна причина за ова достигнување и успех!

Горди сме на нашиот КАМТИМ кој беше двојно поброен на овогодинешното издание на Скопски Wizz Air маратон. 🎉 👏 💪
Чест и задоволство ни е што КАМ оваа година беше сребрен спонзор на овогодинешното 20-то издание на Скопскиот Wizz Air маратон, коешто се одржа на 6 октомври низ улиците во Скопје. 🏆🎖
Како поддржувачи на најмасовниот спортски настан за трчање во државата испративме силна порака за непроценливото значење на спортот и негување на здрави животни навики. 🙌 🏃‍♂️🏃‍♀️
Нашите вработени ги освоија патеките од 5, 21 и 42 км, а дел од нив волонтираа и активно се вклучија во поддршката на организацијата. 👏
Сакаме да им искажеме благодарност на сите нив за покажаниот спортски дух и ентизијазам, да ја претстават компанијата во најдобро светло за што сме особено среќни. 🙌👏
Преку поддршката на маратонот, КАМ ја потврди и општествена одговорност како една од темелните вредности на компанијата.
Веруваме дека учеството на вработените на вакви настани допринесува за јакнење на корпоративната култура на компанијата поистоветувајќи се со компаниските вредности. 💯👌
Продолжуваме и понатаму да работиме уште помотивирани и сполотени во тимски дух, за остварување на уште поголеми компаниски успеси. ✨
Заедно до целта! 💪
Тука сме на долги патеки!

📣 ПЛАТЕНА ЛЕТНА ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИ ВО КАМ 🎯

Втора година по ред, реализиравме платена пракса за студенти во нашата компанија.

Во КАМ изградивме програма за практикантска работа на студенти. Со поддршка на доделен ментор, ова лето студентите се здобија со можност да се стекнат со вредни знаења, искуства и вештини коишто ќе им помогнат при идно вработување.

Дополнителната обука им овозможи на студентите подобрување на нивните комуникациски и меки вештини со цел не само успешна реализација на доделените работни задачи, туку и одлична можност за нивен понатамошен личен и кариерен развој.

Со можност за работа во силен тим, платена прва надокнада и шанса за развој на кариерата, нашата компанија се етаблира како одлична можност за прва и омилена работа.

Студентите реализираа пракса во секторите: Човечки ресурси, Продажба, Контрола на квалитет, Набавка, Контролинг и Финансии, ИТ, Маркетинг. 💡🚀🧠✍

Ги споделуваме нивните драгоцени искуства 👇 👇👇

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КАМ ДОДЕЛИ ПАКЕТЧИЊА СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР НА ДЕЦАТА – УЧЕНИЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ! 📚📚

Со нетрпение одбројуваме до почетокот на новата учебна година 🎯⏳
Во пресрет на почетокот на учебната година КАМ им додели пакетчиња со училишен прибор на децата – ученици на своите вработени.
Воедно, компанијата им овозможи на вработените коишто имаат деца – првачиња, слободни часови, со цел да зачуваат вредни спомени со своите нови ученици.
Посакуваме среќен и успешен почеток на учебната година и стекнување на вредни знаења и остварување на извонредни резултати.
Сонувајте, верувајте и постигнувајте!😊

📢 КАМ – СРЕБРЕН СПОНЗОР НА WIZZ AIR СКОПСКИ МАРАТОН 2024! 🎖🎉

Со гордост најавуваме дека КАМ е официјално сребрен спонзор на овогодинешниот Wizz Air Skopski Maraton, кој ќе се одржи на 6 октомври 2024! 🎊
Како дел од нашата посветеност за поддршка на спортски активности и здрав животен стил, КАМ ќе биде сребрен спонзор на овој настан, а тимот на КАМ ќе земе активно учество на маратонот. 🏃‍♂️🏃‍♀️
На 6 октомври, ќе ги обоиме улиците на Скопје во нашата заштитна црвена и ќе испратиме силна порака за непроценливото значењето на спортот и негување на здрави животни навики.
Веруваме дека овој настан инспирира позитивни промени со цел поттикнување на силна и здрава заедница, затоа ве покануваме и вие да се придружите на овој неверојатен спортски настан, кој ги сплотува сите спортски ентузијасти на едно место. 🏆
Трчаме заедно! 🏃‍♂️🏃‍♀️
Тука сме на долги патеки! 💪

 

Две саботи по ред, КАМ со свои производи го поддржува полагањето на државна матура на 379 ученици коешто се одржува во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Воедно, учениците се запознаа и со кариерните можности коишто ги нуди нашата компанија.

КАМ и понатаму продожува да ги поддржува младите!

Воедно, КАМ ќе ја продолжи соработката со Факултетот за земјоделски науки и храна преку различни форми на соработка!

 

 

 

КАРИЕРА DAYS

📣 Изминатиот викенд од 7-9 јуни бевме дел од настанот КАРИЕРА DAYS @ East Gate Mall заедно со уште 26 компании. 🕵️🎯
Овој настан беше одлична прилика за Претставниците на Сектор за човечки ресурси од КАМ на присутните кандидати за вработување да им ги претстават кариерните можности коишто ги нуди нашата компанија. 👩‍💼🧑‍💼
Им благодариме на kariera.mk и East Gate mall за одличната организација! 🤝
#karieradays #кариерниможности #кам #камтим

 

 

 

 

 

 

 

 

🎁 КАМ ДОДЕЛИ ВАУЧЕРИ ОД DM ДРОГЕРИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ! 🎁

Во пресрет на летните одмори, а како знак на нашата благодарност кон вработените за трудот и посветеноста, КАМ додели ваучери во износ од 3.000 денари на вработените од DM Дрогерии. 🎊

Овие ваучери се наш начин да им се заблагодариме за нивните континуирани напори да придонесат за нашиот успех како тим. 😊 🙌

И понатаму продолжуваме да работиме на подигнување на задоволството на нашите вработени преку проширување на бенефициите. 🥰🤝

КАРИЕРА DAYS

📣 Со големо задоволство најавуваме дека КАМ ќе земе учество на настанот КАРИЕРА DAYS @ East Gate Mall кој ќе се одржи во Трговскиот центар East Gate Mall на 7, 8 и 9-ти јуни.
📅 7 јуни (петок) 🕔 17:00-20:00
📅 8 јуни (сабота) 🕛 12:00-20:00
📅 9 јуни (недела) 🕛 12:00-18:00
Посететего го нашиот штанд и информирајте се за кариерните можности коишто ги нуди нашата компанија! 👩‍💼🧑‍💼
Го очекуваме Вашето присуство! 😊

“Social day” во КАМ!!!

Со особено задоволство КАМ оваа година се вклучи во проектот “Social day” и им ги отвори вратите на 10 млади средношколци и студенти кои покажаа интерес да ја запознаат корпоративната култура и начинот на функционирање на компанијата.

Овој проект е организиран од страна на Здружението на граѓани “Младите можат” кој им овозможи  на младите средношколци/студенти со посета на нашата компанија да дознаат како изгледа еден работен ден во секторите на команијата.

Оваа иницијатива има за цел да ја поттикне ангажираноста на младите средношколци/студенти како и општествена одговорност бидејќи дневницата што би ја добиле за денот поминат на работа во компанијата ќе ја донираат за реализација на проекти за подобрување на положбата на младите во нашата држава.

Младите средношколци и студенти, покажаа дека имаат амбиција да ги осознаат можностите во кој правец може да се развива нивната понатамошна кариера.

Средношколците и студентите беа распоредени во повеќе различни сектори на неколку локации во Скопје и околните градови во поголем број на сектори: Човечки ресурси, Маркетинг, Правна служба, Ревизија, Контролинг, Продажба, Логистика.

КАМ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и ќе земе активно учество во вакви иницијативи насочени кон општествена одговорност во подигнување на нивото на образованието во државата.

#socialday #youthcan #младитеможат #камзамладите #камтим #кам

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КАМ со поддршка на вработените од Логистичкиот центар за учество на Меморијален турнир!

Силата на тимот е секој поединечен член. Силата на секој поединечен член е тимот”. 🤝

КАМ со поддршка на вработените од Логистичкиот центар кои учествуваат на Меморијалниот турнир во мал фудбал “Горан Стојменовиќ и Бојан Арсенов”. ⚽

Им посакуваме успех во понатамошните натпревари! 🏆

Во пресрет на велигденските празници, а како дел од бенефицијата за вработени (пакет производи за верски празници, согласно вероисповест), КАМ на своите вработени им додели пакет со производи, со што им го честита најголемиот христијански празник Велигден и им посака среќни и радосни мигови во кругот на нивните најблиски. 🥰 😇
Претходниот месец, на колегите од муслиманска вероисповест им беа доделени пакет производи за верскиот празник Рамазан Бајрам.
Со овој гест, компанијата искажа благодарност кон вработените, кои со својата посветеност придонесуваат за целокупниот развој на компанијата.

 КAM – учесник на настанот “Ден за кариерен развој” во организација на Уким и Центарот за кариера!

Благодарност до сите студенти коишто го посетија нашиот штанд на настанот “Ден за кариерен развој” организиран од страна на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и Центарот за кариера. 🎓😊
Овој настан беше одлична можност за претставување на нашата компанија и за можностите коишто ги нуди за практиканство и вработување. 🤝
Нашиот штанд беше посетен од голем број студенти со кои претставниците на Секторот за човечки ресурси остварија директна комуникација и разменија вредни знаења и искуства со студентите. 🥰

КAM – учесник на настанот “Ден за кариерен развој” во организација на Уким и Центарот за кариера!

📣 Ги известуваме студентите при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” дека оваа година КAM ќе земе учество на настанот “Ден за кариерен развој” во организација на Уким и Центарот за кариера.
Воедно и ги повикуваме сите заинтересираните студенти да го посетат нашиот штанд со цел да се информираат за можностите за практикантство и вработување коишто ги нуди нашата компанија.
Го очекуваме Вашето присуство. 😊
#дензакариеренразвој #практикантство #вработување #кариера #кам #камтим

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар. Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.

– Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. Потврда за тоа добиваме секојдневно, токму со нивниот избор КАМ да биде местото каде што можат да најдат сè што им е потребно, но овие истражувања со интернационален кредибилитет, ни укажуваат дека таа вредност е препознаена и надвор од нашите граници. Како и досега, така и во иднина ќе продолжиме да изнаоѓаме начини континуирано да го зголемуваме квалитетот на понудата во нашите маркети – велат од менаџментот на КАМ.

Во текот на истражувањето, од швајцарска агенција ICERTIAS на потрошувачите им е поставено следното прашање: „Наведете го името на домашниот малопродажен синџир кој според Вашето лично искуство и мислење нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар“. Во убедливо најголем број одговори, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар, токму КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија.

Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS. Во рамки на истото истражување, КАМ се најде на првото место во соодносот цена-квалитет за пекарите кои што се дел од синџирот маркети.

Уште едно истражување, тоа на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија. И за 2023/24, како и за претходните шест години, КАМ е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар. Во рамки на истото истражување, КАМ зазема прво место и во поткатегориите: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.

Дополнителни бенефиции за вработените во КАМ!

Во пресрет на второто полугодие од учебната година, на децата на нашите вработени КАМ им додели подарок – пакетчиња со училишен прибор. 📚📖✏️
На сите нив им посакуваме среќен и успешен почеток на второто полугодие, да бидат вредни ученици кои ќе стекнат вредни знаења и ќе постигнат извонредни резултати!
Сонувајте, верувајте и постигнувајте! 😊
КАМ мисли на најмладите!

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени!

Континуирано вложување во своите вработени е главната цел на компанијата КАМ, поради што од почетокот на новата 2024 година компанијата воведе и голем број на бенефиции со кои овозможува подобри работни услови за сите вработени.

КАМ сега вложува уште повеќе во здравјето на своите вработени со тоа што обезбедува тренинг-картичка за спортските ентузијасти, со која можат да си изберат спортски активности по желба, со партиципација од компанијата, како и ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари.

Почнувајќи од декември 2023 година, на лојалните вработени во секторите Продажба и Логистика двапати годишно им се исплаќаат бонуси, како и училишен пакет производи за децата на вработените кои одат на училиште, а дополнително секој вработен со принова во семејството добива подарок пакет со производи за новороденче.

– Една компанија може да биде успешна само доколку нејзините вработени се среќни и задоволни, а ние со секој нов нареден чекор се стремиме во таа насока. Нашите вработени се лицето на КАМ и секоја нова активност што ја преземаме е со идејата да создаваме атмосфера во која сите се чувствуваме како еден голем тим во кој секој е задоволен и сака да го даде својот максимум. Токму затоа сметаме дека овие бенефиции се клучни за да го подобриме секојдневието на нашите вработени. Константно размислуваме и работиме на тоа како да внесеме новитети и да одиме заедно уште понапред, како едно големо КАМ семејство. 2023 година ја завршивме со богата новогодишна претстава и со подарок пакетчиња за децата на нашите вработени, што беше посебно весел момент и за нас и за најмалечките – велат од менаџерскиот тим на компанијата.

Неодамна КАМ ја дополни листата на бенефиции со зголемување на регресот за годишен одмор, воведе и платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените во маркети чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените со проширување на листата на бенефиции и континуирано зголемување на платите. Компанијата има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во соседна Бугарија и на Косово.

Новогодишни пакетчиња за среќни празници и големи детски насмевки! 😊

И оваа празнична сезона КАМ успешно реализираше донација од над 3.550 новогодишни пакетчиња, дистрибуирани низ голем број општини во Македонија.

Донацијата придонесе за голем број детски насмевни и топли срца за време на најмагичниот период од годината!
Оваа иницијатива која е повеќегодишна пракса на КАМ, се спроведува директно или во соработка со хуманитарната фондација “Вања Камчев Скопје”

НОВИ БЕНЕФИЦИИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА КАМ!

🎄 За време на новогодишните празници, КАМ воведe нови бенефиции за своите вработени! 🎅 ✨ 🎊
Фокусот на компанијата е целосно насочен кон вработените како најважен ресурс на компанијата. 🤝
Компанијата постојано вложува во своите вработени и континуирано работи кон проширување на листата на бенефиции. 😊

 ПРЕКУ СТУДЕНТСКА ПРАКСА ДО ВРАБОТУВАЊЕ!

Ова лето КАМ за првпат ги отвори вратите за млади лица – студенти да посетуваат пракса во компанијата согласно персонализирана програма за практиканти, со цел да им овозможи запознавање со работните процеси во компанијата и да им овозможи да се вклучат директно во извршување на работни задачи. Ова им овозможи тие да се здобијат со практични знаења и вештини кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен пат.

Истакнуваме дека веќе двајца студенти кои посетуваа неколкумесечна летна пракса и кои од своите ментори добија препорака за покажана значителна успешност во практикантската работа, добија можност и за редовно вработување.

КАМ продолжува со својата мисија за поддршка на младите и вклучување на студентите во работните процеси, со цел да им даде можност да се здобијат со практични знаења и вештини и на овој начин да придонесе во стартот на нивната професионална кариера.

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на вработените за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.

За септември 2023 година, КАМ на вработените им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.

Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.

Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите. Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум. Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме. Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим.

Неодамна ја проширивме и листата на бенефиции – зголемен регрес за годишен одмор и платено колективно осигурување за сите вработени и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

FMCG SUMMIT

Со гордост објавуваме дека и оваа година сме официјален спонзор на овогодинешниот FMCG SUMMIT. Како компанија која се посветува на високите стандарди во областа на трговијата, продолжуваме да поддржуваме настани од овој тип, кои го обединуваат креативниот и иновативен потенцијал на индустријата на Fast-Moving Consumer Goods (FMCG).
Со нашата поддршка, се надеваме дека ќе продолжиме да го подигаме стандардот и да се вклучиме во разговор за иднината на FMCG. Веруваме во потенцијалот на иновациите и во влијанието на соработката во оваа динамична област.
Чест ни е што сме дел од FMCG SUMMIT и што можеме да го споделиме нашето искуство и ангажман со нашите колеги и партнери.

 

#КАМТИМ во поддршка на Скопски маратон! 🏃‍♀️🏃

 

🔴 КАМ во поддршка на WIZZ AIR SKOPJE MARATHON 2023 🟣

#КАМТИМ – дел од Скопскиот маратон, не само како учесници, туку и како поддржувачи!
Благодарност до колегите за учеството и ангажманот на Скопскиот маратон. Благодарност и до сите кои дадоа поддршка и ги мотивираа тркачите да издржат до целта!
Ова беше супер искуство за сите нас и стремеж за постигнување нови цели во иднина.

 

 

 

 

#КАМТИМ

Почитувани потрошувачи,

Ве информираме дека по социјалните мрежи кружат лажни објави за наводна наградна игра организирана од КАМ маркет. Прочитајте го известувањето подолу и обратете внимание на тоа кои се официјалните профили на КАМ маркет.

 

КАМ за почиста природа!