fbpx

Кам маркет секогаш свежо

Огромен асортиман на свежо овошје и зеленчук

Овошје и зеленчук

3

Ние во КАМ се грижиме и застапуваме за здравата исхрана, па така се гордееме што можеме да понудиме богат избор на свежо овошје и зеленчук со проверено потекло.
Со повеќе од 60 производи во асортиманот (дел од нив сезонски), во пиљарите на КАМ ќе пронајдете овошје и зеленчук од реномирани производители од најголемите региони низ светот, но и домашни и локални земјоделски фарми.
Сите КАМ маркети се снабдени со пиљара со секогаш свежо овошје и зеленчук. Редовни производи кои ќе ги пронајдете во нашите маркети независно од сезоната се: јаболка, моркови, цвекло, домати, зелка, компир, кромид, банана, лимон, портокал и краставица и уште многу други сезонски производи.

Секојдневно ги следиме стандардите за квалитетот на органските производи, а како последица на тоа секогаш ја оправдуваме и вашата доверба. Пиљарите на КАМ се веќе синоним за свежина и квалитетно овошје и зеленчук, а одличната цена достапна за сите е само уште еден плус во оваа пракса.

Секоја недела, дел од производите од нашите пиљари се на акција и можете да ги набавите со супер попуст и акциска цена. Проверувајте го редовно неделниот леток и ве очекуваме во нашите КАМ маркети.

4