КАМ МАРКЕТ – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА БИЗНИС ЛИДЕР, ВО КАТЕГОРИЈА МАРКЕТИ – СПОРЕД ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ И БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ЗА 2023!
На 16.10.2024, се одржа првото издание на гламурозната церемонија „Бизнис Лидер“, каде беа доделени престижни награди на најуспешните компании за 2023 година. 🏆🎖
Наградите беа доделени врз основа на строго утврдени критериуми, а, лидерите на македонски компании од различни индустриски гранки беа наградени за исклучителни достигнувања во деловното работење и за придонесот кон економскиот раст на Македонија. 💯 🎯
Со гордост соопштуваме дека КАМ маркет е добитник на наградата „Бизнис Лидер“ во категоријата „Маркети“ – според оставрени приходи и број на вработени за 2023 година. 🙌👏
Упатуваме голема благодарност до нашите потрошувачи – кои се главна причина за ова достигнување и успех!
📣 ПЛАТЕНА ЛЕТНА ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИ ВО КАМ 🎯
Втора година по ред, реализиравме платена пракса за студенти во нашата компанија.
Во КАМ изградивме програма за практикантска работа на студенти. Со поддршка на доделен ментор, ова лето студентите се здобија со можност да се стекнат со вредни знаења, искуства и вештини коишто ќе им помогнат при идно вработување.
Дополнителната обука им овозможи на студентите подобрување на нивните комуникациски и меки вештини со цел не само успешна реализација на доделените работни задачи, туку и одлична можност за нивен понатамошен личен и кариерен развој.
Со можност за работа во силен тим, платена прва надокнада и шанса за развој на кариерата, нашата компанија се етаблира како одлична можност за прва и омилена работа.
Студентите реализираа пракса во секторите: Човечки ресурси, Продажба, Контрола на квалитет, Набавка, Контролинг и Финансии, ИТ, Маркетинг. 💡🚀🧠✍
Ги споделуваме нивните драгоцени искуства 👇 👇👇
КАМ ДОДЕЛИ ПАКЕТЧИЊА СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР НА ДЕЦАТА – УЧЕНИЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ!
КАМ – СРЕБРЕН СПОНЗОР НА WIZZ AIR СКОПСКИ МАРАТОН 2024!
Две саботи по ред, КАМ со свои производи го поддржува полагањето на државна матура на 379 ученици коешто се одржува во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Воедно, учениците се запознаа и со кариерните можности коишто ги нуди нашата компанија.
КАМ и понатаму продожува да ги поддржува младите!
Воедно, КАМ ќе ја продолжи соработката со Факултетот за земјоделски науки и храна преку различни форми на соработка!
КАРИЕРА DAYS
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
🎁 КАМ ДОДЕЛИ ВАУЧЕРИ ОД DM ДРОГЕРИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3.000 ДЕНАРИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ! 🎁
Во пресрет на летните одмори, а како знак на нашата благодарност кон вработените за трудот и посветеноста, КАМ додели ваучери во износ од 3.000 денари на вработените од DM Дрогерии. 🎊
Овие ваучери се наш начин да им се заблагодариме за нивните континуирани напори да придонесат за нашиот успех како тим. 😊 🙌
И понатаму продолжуваме да работиме на подигнување на задоволството на нашите вработени преку проширување на бенефициите. 🥰🤝
КАРИЕРА DAYS
“Social day” во КАМ!!!
Со особено задоволство КАМ оваа година се вклучи во проектот “Social day” и им ги отвори вратите на 10 млади средношколци и студенти кои покажаа интерес да ја запознаат корпоративната култура и начинот на функционирање на компанијата.
Овој проект е организиран од страна на Здружението на граѓани “Младите можат” кој им овозможи на младите средношколци/студенти со посета на нашата компанија да дознаат како изгледа еден работен ден во секторите на команијата.
Оваа иницијатива има за цел да ја поттикне ангажираноста на младите средношколци/студенти како и општествена одговорност бидејќи дневницата што би ја добиле за денот поминат на работа во компанијата ќе ја донираат за реализација на проекти за подобрување на положбата на младите во нашата држава.
Младите средношколци и студенти, покажаа дека имаат амбиција да ги осознаат можностите во кој правец може да се развива нивната понатамошна кариера.
Средношколците и студентите беа распоредени во повеќе различни сектори на неколку локации во Скопје и околните градови во поголем број на сектори: Човечки ресурси, Маркетинг, Правна служба, Ревизија, Контролинг, Продажба, Логистика.
КАМ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува младите и ќе земе активно учество во вакви иницијативи насочени кон општествена одговорност во подигнување на нивото на образованието во државата.
#socialday #youthcan #младитеможат #камзамладите #камтим #кам
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
–
КАМ со поддршка на вработените од Логистичкиот центар за учество на Меморијален турнир!
Силата на тимот е секој поединечен член. Силата на секој поединечен член е тимот”. 🤝
КАМ со поддршка на вработените од Логистичкиот центар кои учествуваат на Меморијалниот турнир во мал фудбал “Горан Стојменовиќ и Бојан Арсенов”. ⚽
Им посакуваме успех во понатамошните натпревари! 🏆
КAM – учесник на настанот “Ден за кариерен развој” во организација на Уким и Центарот за кариера!
КAM – учесник на настанот “Ден за кариерен развој” во организација на Уким и Центарот за кариера!
КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија
Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар. Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.
– Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. Потврда за тоа добиваме секојдневно, токму со нивниот избор КАМ да биде местото каде што можат да најдат сè што им е потребно, но овие истражувања со интернационален кредибилитет, ни укажуваат дека таа вредност е препознаена и надвор од нашите граници. Како и досега, така и во иднина ќе продолжиме да изнаоѓаме начини континуирано да го зголемуваме квалитетот на понудата во нашите маркети – велат од менаџментот на КАМ.
Во текот на истражувањето, од швајцарска агенција ICERTIAS на потрошувачите им е поставено следното прашање: „Наведете го името на домашниот малопродажен синџир кој според Вашето лично искуство и мислење нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар“. Во убедливо најголем број одговори, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар, токму КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија.
Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS. Во рамки на истото истражување, КАМ се најде на првото место во соодносот цена-квалитет за пекарите кои што се дел од синџирот маркети.
Уште едно истражување, тоа на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија. И за 2023/24, како и за претходните шест години, КАМ е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар. Во рамки на истото истражување, КАМ зазема прво место и во поткатегориите: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.
Дополнителни бенефиции за вработените во КАМ!
КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени!
Континуирано вложување во своите вработени е главната цел на компанијата КАМ, поради што од почетокот на новата 2024 година компанијата воведе и голем број на бенефиции со кои овозможува подобри работни услови за сите вработени.
КАМ сега вложува уште повеќе во здравјето на своите вработени со тоа што обезбедува тренинг-картичка за спортските ентузијасти, со која можат да си изберат спортски активности по желба, со партиципација од компанијата, како и ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари.
Почнувајќи од декември 2023 година, на лојалните вработени во секторите Продажба и Логистика двапати годишно им се исплаќаат бонуси, како и училишен пакет производи за децата на вработените кои одат на училиште, а дополнително секој вработен со принова во семејството добива подарок пакет со производи за новороденче.
– Една компанија може да биде успешна само доколку нејзините вработени се среќни и задоволни, а ние со секој нов нареден чекор се стремиме во таа насока. Нашите вработени се лицето на КАМ и секоја нова активност што ја преземаме е со идејата да создаваме атмосфера во која сите се чувствуваме како еден голем тим во кој секој е задоволен и сака да го даде својот максимум. Токму затоа сметаме дека овие бенефиции се клучни за да го подобриме секојдневието на нашите вработени. Константно размислуваме и работиме на тоа како да внесеме новитети и да одиме заедно уште понапред, како едно големо КАМ семејство. 2023 година ја завршивме со богата новогодишна претстава и со подарок пакетчиња за децата на нашите вработени, што беше посебно весел момент и за нас и за најмалечките – велат од менаџерскиот тим на компанијата.
Неодамна КАМ ја дополни листата на бенефиции со зголемување на регресот за годишен одмор, воведе и платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените во маркети чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.
КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените со проширување на листата на бенефиции и континуирано зголемување на платите. Компанијата има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во соседна Бугарија и на Косово.
Новогодишни пакетчиња за среќни празници и големи детски насмевки! 😊
И оваа празнична сезона КАМ успешно реализираше донација од над 3.550 новогодишни пакетчиња, дистрибуирани низ голем број општини во Македонија.
Донацијата придонесе за голем број детски насмевни и топли срца за време на најмагичниот период од годината!
Оваа иницијатива која е повеќегодишна пракса на КАМ, се спроведува директно или во соработка со хуманитарната фондација “Вања Камчев Скопје”
НОВИ БЕНЕФИЦИИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА КАМ!
ПРЕКУ СТУДЕНТСКА ПРАКСА ДО ВРАБОТУВАЊЕ!
Ова лето КАМ за првпат ги отвори вратите за млади лица – студенти да посетуваат пракса во компанијата согласно персонализирана програма за практиканти, со цел да им овозможи запознавање со работните процеси во компанијата и да им овозможи да се вклучат директно во извршување на работни задачи. Ова им овозможи тие да се здобијат со практични знаења и вештини кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен пат.
Истакнуваме дека веќе двајца студенти кои посетуваа неколкумесечна летна пракса и кои од своите ментори добија препорака за покажана значителна успешност во практикантската работа, добија можност и за редовно вработување.
КАМ продолжува со својата мисија за поддршка на младите и вклучување на студентите во работните процеси, со цел да им даде можност да се здобијат со практични знаења и вештини и на овој начин да придонесе во стартот на нивната професионална кариера.
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани
КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на вработените за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.
За септември 2023 година, КАМ на вработените им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.
Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.
Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите. Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум. Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме. Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим.
Неодамна ја проширивме и листата на бенефиции – зголемен регрес за годишен одмор и платено колективно осигурување за сите вработени и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.
FMCG SUMMIT
#КАМТИМ во поддршка на Скопски маратон!
КАМ во поддршка на WIZZ AIR SKOPJE MARATHON 2023
#КАМТИМ – дел од Скопскиот маратон, не само како учесници, туку и како поддржувачи!
Благодарност до колегите за учеството и ангажманот на Скопскиот маратон. Благодарност и до сите кои дадоа поддршка и ги мотивираа тркачите да издржат до целта!
Ова беше супер искуство за сите нас и стремеж за постигнување нови цели во иднина.
#КАМТИМ
Почитувани потрошувачи,
Ве информираме дека по социјалните мрежи кружат лажни објави за наводна наградна игра организирана од КАМ маркет. Прочитајте го известувањето подолу и обратете внимание на тоа кои се официјалните профили на КАМ маркет.
КАМ за почиста природа!