fbpx

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ

Во КАМ маркети секој потрошувач точно знае што добива!

  • „Направете разлика помеѓу цената на нето и бруто плод!“ е нова едукативна кампања на КАМ – Македонскиот број еден, чија цел е секој од вас да биде соодветно информиран за тоа колкаво количество добива при купување на производи во сите 85 КАМ локации низ цела Македонија.
  • Разликата помеѓу бруто и нето грамажа на наведените производи е дека во бруто количината е вклучен и налив/глазура во самата амбалажа која сепак е неизоставен дел од самото пакување, но низ различни комуникациски канали КАМ ќе го потенцира и нето плодот односно точната грамажа на контретниот производ што потрошувачот го добива.
  • – На денешниот пазар кој брзо се развива, сметаме дека довербата останува камен-темелник на секоја успешна врска помеѓу потрошувачите и компанијата. Додека секојдневно се стремиме да ги задоволиме променливите потреби и преференции на потрошувачите, императив останува основата на нашиот однос да биде изграден на транспарентност, интегритет и одговорност. Нашите потрошувачи се информирани, остроумни и се почесто донесуваат одлуки врз основа не само на цената и квалитетот, туку и на етичките практики и вредности на компаниите што ги поддржуваат – велат од КАМ.
  • Транспарентноста и искреноста се главниот фокус на КАМ поради што јасно ќе биде истакната единечната цена на нето плодот на артиклите што е од исклучителна важност при носење на одлука за купување на овие производи. Тоа значи дека секој купувач точно ќе знае колкаво количество нето плод на одредениот производ ќе добие.
  • Производите на кои се однесува може да ги најдете соодветно означени во маркетите со слоганот ”Иста цена, различна пресметка”
  • Со почит,

Ваш КАМ