fbpx

Свежо месо

Со купувањето од посебниот асортиман на свежо месо во KAM секогаш ќе бидете сигурни дека купувате стандарден  квалитет и ќе го добиете она за што сте платиле; свежина и природен и автентичен вкус и  мирис.

Комплетната контрола врз процесите – од  одгледувањето на добитокот, преку  исхраната, начинот на пакување, како и начинот на дистрибуција до маркетите, ни овозможува да ја потврдиме свежината и квалитетот на месото кое го продаваме.

Токму поради ова одбравме и локална фарма, односно Кланица и месна индустрија “Домашно” од Гевгелија, каде производството на месо е 100% домашно и можеме да имаме увид во производството, но и да обезбедиме локално, свежо месо на вашата трпеза секој ден.

Целта на оваа висока контрола е тоа секој залак да ви биде задоволство, а оброкот – вистинска гозба за вашите сетила. Вие ќе бидете секогаш сигурни во изборот кој сте го направиле и ќе знаете дека сте го одбрале најдоброто за вас и вашето семејство.

 

Зошто свежо месо?

Со нормална  конзумацијата на свежо месо ќе бидете секогаш сигурни дека нема да го нарушите вашето здравје.  Свежото месо се одликува со неодоливо сочен вкус, конзистентна структура и текстура.

 

Потекло

Фармата од каде потекнува месото располага со сопствено производство на храна и зелена маса. Кланичниот капацитет е сместен веднаш до самата фарма, каде по “одморањето”, месото се расекува по категории, се пакува и со запазување на соодветниот ладен ланец, се доставува до нашите маркети.  На овој начин обезбедуваме секогаш конзистентност и квалитет.

 

Одгледување

Одбравме локална модерна фарма, каде животните се одгледуваат во средина како во природата и каде воедно имаме увид во сите чекори низ кои се поминува пред месото да пристигне на рафтот во КАМ. Добитокот е одгледуван со 100% домашна храна, без вештачки додатоци, GMO или хормони.

 

Пакување

Месото е  спакувано  во посебно атмосферско пакување за секое парче, кое ја одржува свежината и квалитетот. Хигиенските услови во кои се одгледува и пакува местото се врвни и максимално се запазени сите стандарди.

 

Исклучително сме горди со оваа линија на свежо место, како и со тоа што освен бескомпромисниот висок квалитет, успеавме да обезбедиме и одлична цена.

Купувајте домашно и проверено месо во вашиот KAM Маркет.