Почетоци и историја
КАМ ДОО датира од 1995 година, со отворањето на првата продавница во приземјето на Градски Трговски Центар во Скопје, од страна на фирмата основач КАМФУД (сега КАМ ИМОБИЛИЕН).
КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на домашниот пазар. Во моментов во Македонија работат 86 маркети, а компанијата брои над 1500 вработени.
Пред 8 години, КАМ Маркет влезе и се позиционираше и на пазарот во соседна Бугарија, кадешто во моментов со успех работат 26 маркети.