Сите новости

 news

09.10.2026

Сите новости

КАМ Караванот продолжува со полна пареа!

Втората станица од нашиот караван за регрутација беа Куманово и Св. Николе! 

Преку директни средби со заинтересирани кандидати, продолжуваме да ги претставуваме можностите за работа во КАМ и да отвораме нови врати за оние кои ја бараат својата следна професионална можност. 

Продолжуваме понатаму! Следните градови се веќе на нашата рута, затоа следете нè и дознајте кога доаѓаме кај вас!

Прочитај повеќе
 
 news

05.10.2026

Сите новости

КАМ и оваа година беше сребрен спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон, кој се одржа на 4 октомври низ улиците на Скопје

КАМ и оваа година беше сребрен спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон, кој се одржа на 4 октомври низ улиците на Скопје.

Како поддржувачи на еден од најмасовните спортски настани во земјата, продолжуваме да ја истакнуваме важноста на спортот, активниот живот и негувањето здрави животни навики. 

Овојпат нашиот КАМТИМ беше уште поброен!  Нашите вработени трчаа на патеките од 5 и 21 километар.

Честитки за сите наши колеги кои трчаа, се бодреа меѓусебно и ја претставија нашата компанија во најдобро светло. Вашата енергија, истрајност и спортски дух се она што го прави КАМТИМ посебен!

Поддршката на маратонот е уште една потврда за нашата посветеност кон општествената одговорност, спортот и вредностите што ги негуваме како компанија. 

Продолжуваме заедно, сплотени и мотивирани – со нови цели, нови предизвици и нови успеси! 

Заедно до целта! 

Прочитај повеќе
 
 news

14.09.2026

Сите новости

Реализирана донација на детски пижами за ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести - Скопје

Донација за најмалите на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје

Со особено задоволство минатата недела реализиравме донација на детски пижами за ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, со цел да дадеме свој придонес кон создавање попријатни услови за најмалите пациенти за време на нивниот престој во клиниката.

Во рамки на донацијата беа обезбедени над 1.250 парчиња детски пижами, во вкупна вредност од 170.900 денари

Веруваме дека со заеднички ангажман можеме да придонесеме кон создавање посигурна, попријатна и похумана средина за најмалите пациенти.

За нас, општествената одговорност значи да бидеме таму каде што нашата помош може да направи разлика.

Се надеваме дека со овој гест ќе придонесеме кон подигнување на свеста за важноста на грижата за најмалите и ќе ги поттикнеме и останатите да дадат свој придонес таму каде што помошта е најпотребна.

Прочитај повеќе
 
 news

26.08.2026

Сите новости

Повисоки плати како дел од континуираната грижа за вработените

КАМ продолжува со својата посветеност кон унапредување на условите за работа и подобрување на финансиската сигурност на вработените преку нови зголемувања на платите во двата најголеми сектори во компанијата.

 Зголемувањето на платите на вработените во Логистичкиот центар е веќе реализирано со мајската исплата, додека за вработените во нашите маркети промените стапија на сила со исплатата на јулската плата. Со овие измени, на ниво на сите работни позиции во секторот Продажба, основната плата во просек е за 29% повисока од минималната плата во државата.

Воедно, просечната исплатена плата на ниво на компанијата е за 22% повисока од просечната исплатена плата во браншата.

Дополнително, како дел од континуираната грижа за својот тим, КАМ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари, кој е речиси три пати повисок од законски утврдениот минимален регрес во земјата.

Со тоа, КАМ повторно ја потврдува својата позиција како компанија која долгорочно и системски вложува во вработените, преку плати, надоместоци, бенефиции и подобри услови за работа.

Во KAM веруваме дека препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес. Затоа, покрај редовните усогласувања на платите, во континуитет го развиваме и системот за бенефиции за вработените.

Последно изминатиот месец обезбедивме ваучери за пазарење во dm, што претставува уште еден начин да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес кон заедничкиот успех. Нашата цел е да создаваме работна средина во која луѓето се чувствуваат ценети, поддржани и мотивирани.

Како предводник во својата бранша, КАМ континуирано поставува нови стандарди во грижата за вработените, инспирирајќи ги и другите компании да ги следат нејзините практики.

Прочитај повеќе
 
 news

18.08.2026

Сите новости

КАМ донираше 17.640 литри вода за граѓаните на Гостивар во периодот на проблеми со водоснабдувањетo

Во моменти кога поддршката е најпотребна, КАМ е повторно со граѓаните.
Како општествено одговорна компанија, изминатиов периодот деодека траеше проблемот со водоснабдувањето во Гостивар дониравме 17.640 литри вода.
Веруваме дека токму во вакви моменти солидарноста и грижата за заедницата имаат најголемо значење.

Прочитај повеќе
 
 news

02.07.2026

Сите новости

КАМ - осма година по ред потврда за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет со нови Best Buy сертификати

КАМ - осма година по ред потврда за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет со нови Best Buy сертификати

 

КАМ, најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба, осма година по ред го потврдува најдобриот сооднос помеѓу цена и квалитет на пазарот, здобивајќи се со нови меѓународни сертификати „Best Buy“.

Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите кои се од секојдневно значење за потрошувачите.

Со дополнително признание „Best Buy“ се здоби одделот за свежо овошје и зеленчук, како потврда за понудата која комбинира свежина, квалитет и најдобра вредност за потрошените средства. Признание доби и приватната марка чоколади „Alpiko“ и „Gaja“, кои се препознаени како производи со одличен сооднос помеѓу цена и квалитет во својата категорија.

- Овие признанија се потврда за нашата континуирана посветеност кон потрошувачите и нивните секојдневни потреби. За нас, суштински дел од работата е на потрошувачите да им обезбедиме најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот. Горди сме што осма година по ред потрошувачите ја препознаваат вредноста што ја добиваат во маркетите на КАМ. Продолжуваме да вложуваме во квалитет, свежина, достапност и развој на приватните марки, со цел да обезбедиме уште поголема вредност за секое домаќинство - велат од КАМ.

 

Новите сертификати се надоврзуваат на постојните признанија „Best Buy“ кои КАМ ги доби за одделот за млечни производи, каде клучна улога има приватната марка „Bella Farm“, како и за приватните трговски марки за перење алишта и чистење на домот „Belil“ и „Klinko“. Дополнително, сертификатот за производи за миленици ја препозна вредноста на асортиманот под приватната марка „Alfie“, кој вклучува храна и грицки  за домашните миленици.

Со новите признанија, КАМ продолжува да ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, нудејќи им на граѓаните производи кои обезбедуваат квалитет којшто е достапен по најдобри цени.

КАМ е македонскиот бр. 1 малопродажен синџир и компанија во која потрошувачите имаат најголема доверба. Ова признание, заедно со континуираните „Best Buy“ сертификати, ја потврдува долгорочната посветеност на компанијата да создава вредност за потрошувачите и да остане нивен прв избор при секојдневното купување.

 

Прочитај повеќе
 
 news

25.06.2026

Сите новости

ВАУЧЕРИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАМ ВО ВРЕДНОСТ ОД 3.000 ДЕНАРИ!

Како знак на благодарност за посветеноста, трудот и секојдневниот придонес кон успехот на компанијата, КАМ и оваа година додели ваучери во вредност од 3.000 денари за своите вработени. 

Во пресрет на летниот период, ова е уште еден начин да покажеме дека ги цениме луѓето кои се најважниот дел од нашата приказна. 

Продолжуваме да вложуваме во благосостојбата и задоволството на нашите вработени преку бенефиции и иницијативи кои носат дополнителна вредност. 

Ви благодариме што сте дел од тимот на КАМ! 

Прочитај повеќе
 
 news

23.06.2026

Сите новости

КАМ со поддршка на спортот и активниот начин на живот

КАМ со поддршка на спортот и активниот начин на живот!

Со големо задоволство бевме дел од овогодинешниот настан „Тур де Галичица“, организиран од велосипедско-планинарскиот клуб Преспа Бајк.

Настанот обедини околу 250 учесници од Македонија, Белорусија, Украина, Франција, Италија и Унгарија, кои уживаа во трите организирани тури низ прекрасните предели на Преспа и Националниот парк Галичица.

Преку донација на производи, КАМ даде поддршка за реализација на настанот и за сите љубители на велосипедизмот, планинарењето и престојот во природа.

Им благодариме на организаторите за укажаната доверба и им посакуваме уште многу успешни изданија на оваа манифестација.

Прочитај повеќе