Сите новости

 news

05.03.2026

Сите новости

📢 КАМ - СРЕБРЕН СПОНЗОР НА WIZZ AIR СКОПСКИ МАРАТОН 2026! 🎖🎉

Со огромна чест и задоволство ја продолжуваме традицијаta - и оваа година КАМ е сребрен спонзор на најпосетениот спортски настан во земјава, Wizz Air Скопскиот маратон, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026! 🏃‍♂️🏃‍♀️

Нашата поддршка е доказ за континуираната посветеност кон спортот, здравиот животен стил и вредностите што нe обединуваат. 🙌

КАМ тимот повторно ќе биде дел од маратонот - со енергија, истрајност и препознатливата црвена боја што ја носиме со гордост низ улиците на Скопје.

Ве покануваме да трчате со нас и да бидете дел од оваа спортска приказна што секоја година инспирира илјадници љубители на спортот и здравиот дух!

☑️ Заедно сме посилни! 🏃‍♂️🏃‍♀️💪

Прочитај повеќе
 
 news

02.02.2026

Сите новости

30 години посветеност, успех и развој на КАМ

По повод три децени постоење и успешно работење, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна посета со менаџментот на КАМ. Предмет на разговори беа предизвиците на компанијата со кои се соочува, како една од водечките деловни субејкти во трговијата на мало, според повеќе показатели, број на вработени, инвестиции, промет, ниски маржи, освојување нови пазари надвор од државата и сл.

Претседателот Азески, посочи дека за Комората е од особено значење членството на КАМ која прашањата за деловен развој континуирано ги иницира преку коморското делување. Трговијата на мало е важна дејност во економското делување на државата и покренува циклус на обрт и во многу други стопански гранки. Акцентот во разговорите беше ставен и на важноста на основните параметри на живеењето како, пазарната економија, правната сигурност, лојалната конкуренција, сузбивањето на сивата економија, дигитализација на процесите кои се основа за функционирање на бизнисот.

Во економски рамки сите овие 35 години од осамостојувањето на државата бизнисот порасна, а државните институции немаат капацитет и можност да го следат развојот. За таа цел вели Азески и во разговорите со Владата постигнат е концензус дека е поребно домашните компании да имаат предност пред странските при објавување јавни набавки за разни видови услуги и производи според формули применети и во други земји, да се работи на рационализација на јавниот сектор кој вработува голем број работници, а има исклучително ниска продуктивност и дека буџетот треба да го намалува процентот на социјални трансфери за сметка на раст на развојните и инвестиционите програми. 

На средбата беше констатирано дека големите компании треба да бидат во поголем обем препознаени од држаавата, што не е случај години и децении наназад, бидејќи големите субјекти врзуваат голем број мали фирми и се основа за нивен опстанок.

КАМ групацијата има мрежа од 86 трговски објекти во државата, сопствен дистрибутивен центар, вработува над 1500 лица, како и 25 трговски објекти во Бугарија. Најголем предизвик е недостигот на кадар, како и серија законски системски прашања за кои нудат и конкретни предлози за нивно решавање.

Во рамки на посетата, претседателот Азески на менаџментот на КАМ по повод 30 години одбележување додели Признание за посветеност, успех и развој.

Прочитај повеќе
 
 news

28.01.2026

Сите новости

КАМ со поддршка на македонскиот репрезентативец и олимпиец Ставре Јада на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026!

КАМ со поддршка на македонскиот репрезентативец и олимпиец Ставре Јада на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026!

Со гордост го поддржуваме Ставре Јада, кој ќе ја претставува нашата земја на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, натпреварувајќи се во дисциплината нордиско трчање.

Неговата посветеност, дисциплина и истрајност се пример за спортски дух и упорна работа.

Му посакуваме многу успех и одлични резултати на олимписката патека! ❄️⛷️

Прочитај повеќе
 
 news

02.01.2026

Сите новости

КАМ донација од над 1.600.000 ден за новогодишни пакетчиња и хуманитарни цели

КАМ донираше над 1.600.000 денари за новогодишни пакетчиња и хуманитарни цели во месец декември

 

КАМ, како општествено одговорна компанија, во текот на месец декември издвои над 1.600.000 денари за реализација на низа хуманитарни активности, обезбедувајќи новогодишни пакетчиња и хуманитарни пакети за различни целни групи и заедници низ Македонија.
Водени од желбата празничниот период да донесе повеќе радост, сигурност и насмевки, донациите беа насочени кон деца, социјално ранливи категории, како и институции и организации кои се грижат за заедницата.

Донациите опфатија:

  • 5.150 новогодишни пакетчиња во 29 општини низ Македонија
  • 1.000 новогодишни пакетчиња за Новогодишниот базар на Град Скопје;
  • 150 новогодишни пакетчиња за учениците од прво одделение во ООУ „Браќа Рамиз Хамид“;
  • 100 новогодишни пакетчиња за децата од СОС Детско село;
  • 60 новогодишни пакетчиња за малите пациенти на ЈЗУ Клиника за детска хирургија;
  • Ваучери за Здружението за ретки невролошки болести „Кокичиња“
  • 50 хуманитарни пакети за Општина Ѓорче Петров.
  • Храна за ЈП „Лајка“;

„Веруваме дека секој човек заслужува да ги почувствува топлината, заедништвото и радоста што ги носат празниците. Преку овие донации сакаме да дадеме конкретна и искрена поддршка таму каде што е најпотребна и да покажеме дека кај нас хуманоста не е само празничен чин, туку континуирана одговорност и обврска кон заедницата“.

Со овие активности, компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба за општествено одговорно работење и континуирана грижа за децата, ранливите категории и локалната заедница, особено во период кога солидарноста има најголемо значење.

Прочитај повеќе
 
 news

30.12.2025

Сите новости

Новогодишна претстава за децата на вработените во КАМ

Во пресрет на Новогодишните празници, создадовме уште помагична празнична атмосфера за најмалите – дечињата на нашите вработени уживаа во новогодишна претстава во Cineplex, исполнета со смеа, радост и незаборавни моменти.
Како дел од празничните активности, за дечињата до 10 години се обезбедени новогодишни пакетчиња – за уште повеќе искрени детски насмевки, радост и топли спомени. 
Прочитај повеќе
 
 news

30.12.2025

Сите новости

КАМ новогодишна донација од над 1.179.000 денари

Во пресрет на новогодишните празници, KAM издвои сума од над 1.179.000 денари, за вкупно 5.150 новогодишни пакетчиња кои беа поделени во 29 општини низ Македонија.

Со оваа донација сакаме да придонесеме кон зголемување на празничната радост и создавање повеќе насмевки кај децата и нивните семејства, за кои ваквата поддршка има особено значење.
Веруваме дека празниците се време кога хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата доаѓаат во прв план.

KAM – празници со грижа и внимание за секое дете!

Прочитај повеќе
 
 news

29.12.2025

Сите новости

Ваучер за спортска опрема

Во духот на новогодишните празници, КАМ и оваа година ја продолжува традицијата на грижа за своите вработени, доделувајќи им ваучери за спортска опрема од продавниците на Sport Vision, во вредност од 6.000 денари, како дел од бенефициите што ги обезбедува компанијата. 
Оваа награда претставува наше искрено признание и благодарност за нашите вработени, за нивната посветеност, вложениот труд и значајниот придонес со кој ги заедно ги остваруваме нашите заеднички цели.
Во Новата 2026 година, заедно да продолжиме да достигнуваме нови успеси за паметење и вистински вредности за споделување. 
Прочитај повеќе
 
 news

24.12.2025

Сите новости

Донација на новогодишни пакетчиња во Еси Нелис

Со посебна одговорност кон заедницата, КАМ донираше новогодишни пакетчиња во 3дружението „Еси Нелис", со цел да им донесе радост и празнична насмевка на дечињата со оштетен вид. 
Веруваме дека празниците се вистинско време за споделување внимание, топлина и поддршка — кон оние на кои тоа најмногу им значи.
Со искрени дела, направени од срце, продолжуваме да градиме општество во кое хуманоста и солидарноста се секогаш на прво место.
КАМ — со грижа и внимание за секое дете!
Прочитај повеќе