Сите новости

 news

15.05.2026

Сите новости

КАМ со задоволство ги отвори вратите на својот логистички центар за учениците од средното стручно училиште од Струмица!

КАМ со задоволство ги отвори вратите на својот логистички центар за учениците од средното стручно училиште од Струмица!

Низ организирана обиколка, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на логистичките процеси – од прием и складирање, па сè до подготовка и дистрибуција на производите до маркетите. 

Тимот од логистичкиот центар на КАМ им ги претстави секојдневните активности и начинот на кој функционира еден современ логистички систем, со цел младите да добијат практичен увид во динамиката, организацијата и можностите што ги нуди FMCG индустријата.

КАМ продолжува да поддржува иницијативи кои придонесуваат за едукација, развој и доближување на младите до реалните работни процеси и можности

Прочитај повеќе
 
 news

30.04.2026

Сите новости

КАМ повторно се приклучи на иницијативата „Social Day“, организирана од здружението на граѓани „Младите можат“

КАМ повторно се приклучи на иницијативата „Social Day“, организирана од здружението на граѓани „Младите можат“, чија цел е да поттикне солидарност, активно граѓанство и општествен развој воден од младите.

Со големо задоволство ги отворивме вратите за 10 средношколци кои имаа можност одблиску да се запознаат со нашата корпоративна култура и начинот на функционирање на компанијата.

Преку директно искуство во различни сектори, учениците добија можност одблиску да видат како изгледа еден работен ден, добија увид во секојдневните работни процеси, динамиката на тимската работа и одговорностите што ги носи секоја позиција.

Како општествено одговорна компанија, КАМ продолжува да ги поддржува младите и нивниот развој. Средствата од нивниот ангажман ќе бидат донирани за иницијативи што придонесуваат за подобра иднина на младите во нашата земја.

Прочитај повеќе
 
 news

22.04.2026

Сите новости

КАМ со задоволство беше дел од „Отворен и кариерен ден“ организиран на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

КАМ со задоволство беше дел од „Отворен и кариерен ден“ организиран на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Нашиот тим имаше можност да се запознае со амбициозни студенти, да ги претстави можностите за кариера во КАМ и да сподели искуства за работа и развој во динамична и растечка компанија.

Доделената благодарница претставува дополнителна мотивација за нашата посветеност кон поддршка на младите кадри и нивниот професионален развој.

Прочитај повеќе
 
 news

20.04.2026

Награди и признанија

КАМ по трет пат е прогласен за работодавач на годината во категоријата маркети

КАМ по трет пат е прогласен за работодавач на годината во категоријата маркети

Ова признание е особено значајно бидејќи ја потврдува посветеноста на КАМ кон создавање стабилна, сигурна и поттикнувачка работна средина, заснована на доверба, одговорност, развој и грижа за вработените. Како најголем работодавец меѓу трговските синџири во земјава, со повеќе од 1.500 вработени, КАМ продолжува да инвестира во човечкиот капитал преку подобрување на условите за работа, редовни обуки и професионален развој.

На изборот што го организира Vrabotuvanje.com.mk, компанијата го освои и второто место во апсолутна категорија помеѓу сите компании, како дополнителна потврда за силната и препознатлива работодавачка позиција што ја гради континуирано.

Прочитај повеќе
 
 news

09.04.2026

Сите новости

КАМ и оваа година обезбеди празнични пакети за своите вработени

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, КАМ и оваа година обезбеди празнични пакети со производи за своите вработени – како дел од бенефициите што компанијата континуирано ги реализира за верските празници.

Со оваа традиција, КАМ ја потврдува својата посветеност кон вработените, создавајќи средина во која грижата и почитта се вредности што се живеат секојдневно.

Во истиот дух, минатиот месец беа доделени пакет производи на нашите колеги од муслиманска вероисповед, по повод Рамазан Бајрам, со искрени честитки и убави желби за празникот.

Благодарни сме за секој член на КАМ тимот – со вашата посветеност, секој успех има поголемо значење.

Прочитај повеќе
 
 news

09.04.2026

Сите новости

КАМ донација за социјално загрозени семејства во општина Илинден

По повод велигденските празници, КАМ реализираше донација за социјално загрозени семејства во општина Илинден.
Донирани се 50 пакет производи, со цел да се донесе повеќе топлина и радост во празничните денови.

КАМ останува посветен на поддршка на заедницата и создавање позитивни промени.

Прочитај повеќе
 
 news

19.03.2026

Сите новости

КАМ донација за социјално загрозени семејства

Во пресрет на празниците Рамазан Бајрам и Велигден, КАМ реализираше донација на производи во вредност од 40.000 денари за социјално загрозени семејства во општина Ѓорче Петров.

Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме празничната трпеза да биде исполнета за сите - затоа што вистинската вредност на празниците е во споделувањето, грижата и вниманието.

КАМ продолжува да вложува во заедницата и да помага таму каде што е најпотребно.

Прочитај повеќе
 
 news

18.03.2026

Сите новости

🔴КАМ ја поддржа иницијативата на Бирото за развој на образование по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите!

По повод 15 март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, оваа недела во Клубот на пратениците во Скопје се одржа свечен настан организиран од Бирото за развој на образованието. Настанот беше посветен на доделување награди на учениците кои беа учесници на традиционалниот ликовен конкурс, кој има за цел да ја поттикне креативноста кај младите и истовремено да ја подигне свеста за правата и одговорностите на потрошувачите.

Преку уметнички израз, учениците од повеќе основни училишта низ државата имаа можност да ја претстават својата визија за одговорно и информирано потрошувачко однесување, како и значењето на одржливите навики во секојдневниот живот.
КАМ и оваа година го поддржа овој настан ‘Безбедни производи, сигурни потрошувачи’, со обезбедување на вредносни КАМ ваучери - награди за најдобрите ученици на ликовниот конкурс и за нивните наставници ментори.

Искрени честитки до сите наградени ученици за нивната креативност и труд.
Со поддршка на вакви образовни и општествено одговорни активности, КАМ продолжува да вложува во проекти кои придонесуваат за развој на свесни и информирани идни генерации потрошувачи.

Прочитај повеќе