КАМ донираше над 1.600.000 денари за новогодишни пакетчиња и хуманитарни цели во месец декември
КАМ, како општествено одговорна компанија, во текот на месец декември издвои над 1.600.000 денари за реализација на низа хуманитарни активности, обезбедувајќи новогодишни пакетчиња и хуманитарни пакети за различни целни групи и заедници низ Македонија.
Водени од желбата празничниот период да донесе повеќе радост, сигурност и насмевки, донациите беа насочени кон деца, социјално ранливи категории, како и институции и организации кои се грижат за заедницата.
Донациите опфатија:
- 5.150 новогодишни пакетчиња во 29 општини низ Македонија
- 1.000 новогодишни пакетчиња за Новогодишниот базар на Град Скопје;
- 150 новогодишни пакетчиња за учениците од прво одделение во ООУ „Браќа Рамиз Хамид“;
- 100 новогодишни пакетчиња за децата од СОС Детско село;
- 60 новогодишни пакетчиња за малите пациенти на ЈЗУ Клиника за детска хирургија;
- Ваучери за Здружението за ретки невролошки болести „Кокичиња“
- 50 хуманитарни пакети за Општина Ѓорче Петров.
- Храна за ЈП „Лајка“;
„Веруваме дека секој човек заслужува да ги почувствува топлината, заедништвото и радоста што ги носат празниците. Преку овие донации сакаме да дадеме конкретна и искрена поддршка таму каде што е најпотребна и да покажеме дека кај нас хуманоста не е само празничен чин, туку континуирана одговорност и обврска кон заедницата“.
Со овие активности, компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба за општествено одговорно работење и континуирана грижа за децата, ранливите категории и локалната заедница, особено во период кога солидарноста има најголемо значење.