Како знак на благодарност за посветеноста, трудот и секојдневниот придонес кон успехот на компанијата, КАМ и оваа година додели ваучери во вредност од 3.000 денари за своите вработени.
Во пресрет на летниот период, ова е уште еден начин да покажеме дека ги цениме луѓето кои се најважниот дел од нашата приказна.
Продолжуваме да вложуваме во благосостојбата и задоволството на нашите вработени преку бенефиции и иницијативи кои носат дополнителна вредност.
Ви благодариме што сте дел од тимот на КАМ!