2025-04-04T08:20:00Z

Зборуваат за нас

КАМ со задоволство го поддржа настанот „Светски ден на правата на потрошувачите со ликовен конкурс

По повод 15. март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, КАМ со задоволство го поддржа настанот „Светски ден на правата на потрошувачите со ликовен конкурс“ под мотото за 2025 година: „Праведна транзиција кон одржлив начин на живеење“, организиран од Бирото за развој на образование, како орган во состав на Министерството за образование и наука.
 
Уште од самите почетоци, КАМ посветено и континуирано ги едуцира потрошувачите и се стреми да нуди производи со висок квалитет по ниски цени, затоа што само информиран и едуциран потрошувач може да купува мудро, а тоа значи информирано, економично и со доверба. Токму од таа причина, со задоволство ја поддржавме оваа иницијатива, а како дел од поддршката, обезбедивме награди за победниците на ликовниот конкурс и нивните ментори-наставници.
 
Им упатуваме срдечни честитки на победниците, а КАМ како општествено одговорна компанија продолжува и понатаму да биде поддржувач и учесник во настани од ваков благороден карактер, со цел унапредување на квалитетот на образование и воспитание на младите генерации.

✅ Во рамки на редовните работни активности, успешно реализиравме обуки и посета на КАМ логистичкиот центар со регионални менаџери и раководни лица на маркетите. 📋
Со фокус на унапредување на работните процеси и надминување на предизвиците, ваквите обуки ни овозможуваат подобра координација и поефикасно секојдневно функционирање.
📦 КАМ логистичкиот центар, со своите 60.000 м², опремен со најсовремена технологија, е клучна точка за успешно снабдување и поддршка на нашите маркети низ целата држава.
💡 Продолжуваме заедно да се усовршуваме и градиме успешни приказни! 🚀