2026-06-17T11:04:00Z

Сите новости

Младите таленти во КАМ - летна пракса за 11 ученици

Со особено задоволство информираме дека ова лето во КАМ се ангажирани 11 практиканти од средните стручни училишта „Васил Антевски – Дрен“, „Шаип Јусуф“ и „Михајло Пупин“.
Практикантите наредните 10 работни дена ќе реализираат феријална пракса и ќе имаат можност да се запознаат со реалните работни процеси и секојдневното функционирање на компанијата во различни сектори.
Преку практичната работа, учениците ќе стекнат нови знаења, вештини и искуства кои ќе им помогнат во нивниот понатамошен професионален развој и полесно вклучување на пазарот на трудот.
Со поддршка на ваквите иницијативи, КАМ продолжува да инвестира во развојот на младите кадри и во зајакнувањето на соработката помеѓу образовните институции и бизнис-заедницата