2026-05-21T09:47:00Z

Сите новости

Кариерен ден 2026 – Економски факултет УКИМ

Со големо задоволство повторно ја прифативме поканата за учество на настанот „Кариерен ден“ на Економски факултет – Скопје УКИМ, кој се одржа на 19 мај во аулата на факултетот.

Настанот беше одлична можност за директна средба и разговор со студентите, размена на искуства и претставување на можностите за кариерен развој.

Им благодариме на сите студенти кои го посетија нашиот штанд, покажаа интерес и споделија позитивна енергија и амбиција за својот професионален развој. 

КАМ продолжува да инвестира во младите таленти и да создава можности за нивен раст и развој.