КАМ со задоволство ги отвори вратите на својот логистички центар за учениците од средното стручно училиште од Струмица!
Низ организирана обиколка, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на логистичките процеси – од прием и складирање, па сè до подготовка и дистрибуција на производите до маркетите.
Тимот од логистичкиот центар на КАМ им ги претстави секојдневните активности и начинот на кој функционира еден современ логистички систем, со цел младите да добијат практичен увид во динамиката, организацијата и можностите што ги нуди FMCG индустријата.
КАМ продолжува да поддржува иницијативи кои придонесуваат за едукација, развој и доближување на младите до реалните работни процеси и можности