КАМ со задоволство беше дел од „Отворен и кариерен ден“ организиран на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Нашиот тим имаше можност да се запознае со амбициозни студенти, да ги претстави можностите за кариера во КАМ и да сподели искуства за работа и развој во динамична и растечка компанија.
Доделената благодарница претставува дополнителна мотивација за нашата посветеност кон поддршка на младите кадри и нивниот професионален развој.