2026-05-15T12:05:00Z

Сите новости

КАМ со гордост беше дел од вчерашниот Supply Chain Summit 2026 како сребрен спонзор

КАМ со гордост беше дел од вчерашниот Supply Chain Summit 2026  како сребрен спонзор. Настанот што ги обединува компаниите и професионалците од индустријата со фокус на современи решенија, логистика, иновации и развој на малопродажниот сектор. 

Нашиот тим присуствуваше на овој значаен настан, каде преку размена на искуства, идеи и нови перспективи се отворија важни теми поврзани со иднината на supply chain процесите и предизвиците во FMCG индустријата. 

Преку присуство и поддршка на вакви настани, КАМ продолжува активно да придонесува кон развојот на индустријата, следејќи современи трендови и практики кои овозможуваат уште поефикасни процеси и подобро искуство за потрошувачите. 

Остануваме посветени на континуиран развој, ефикасност и обезбедување висок квалитет по најдобри цени за нашите купувачи.