На 15 и 16 мај, КАМ повторно беше дел од KARIERA DAYS East Gate Mall — настан што ги поврзува компаниите со идните професионалци.
Во текот на двата дена, нашиот тим од Секторот за човечки ресурси имаше можност да се запознае со голем број мотивирани и амбициозни кандидати, да ги претстави можностите за кариерен развој во КАМ и вредностите што ја прават нашата компанија препознатливо и стабилно работно опкружување.
Благодарност до организаторите, како и до сите посетители кои одвоија време да нè посетат, да постават прашања и да покажат интерес за градење кариера со нас.