Со голема чест ја примивме Благодарницата за особен придонес во реализацијата на проектот Social Day 2026, иницијатива која им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство и преку својата дневница да придонесат за општествено корисни цели.
Оваа година КАМ беше домаќин на 10 ученици кои имаа можност одблиску да се запознаат со нашата работна средина, различните сектори и секојдневните работни процеси. Веруваме дека ваквите искуства се значајни за нивната професионална ориентација и развој.
Особено нѐ радува што нашиот ангажман, организација и посветеност беа препознаени од организаторите и истакнати како пример за успешна соработка меѓу бизнис секторот и младите.
Благодарност до организаторите и до сите ученици кои беа дел од оваа инспиративна иницијатива. Продолжуваме да поддржуваме проекти што создаваат можности за младите и придонесуваат за подобра заедница.