2025-04-03T13:48:00Z

Нови маркети

ОТВОРАЊЕ НА НОВ КАМ МАРКЕТ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Започна со работа новиот КАМ маркет во склоп на трговскиот центар KMALL во Општина Ѓорче Петров, на ул. “Ѓорче Петров” бр. 22
Распространет на вкупна површина од 932м2 маркетот нуди голема прегледност при пазарењето и богат асортиман на производи по ниски цени од асортиманот на млечни и месни производи, топли и крцкави печива, печено пиле, богата понуда на овошје и зеленчук како и хемија и широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Свеченото отворање на новиот продажен објект на КАМ беше одбележано со дегустација на дел од најпрепознатливите приватни марки на КАМ, како што се Bella Farm, Amia, Milord и Solis, за кои потрошувачите покажуваат огромен интерес.
Присутните потрошувачи добија можност да учествуваат во наградната игра „Тркало на среќата“ и да освојат подароци, како и да ги искористат специјалните промоции и акциски цени на дел од асортиманот во новиот маркет.
Повелете, Ве очекуваме.
Ваш КАМ!