Начин на подготовка:
Кромидот и морковот се пржат. Телешкото месо се исечено на коцки се додава во зеленчукот и се пржат заедно. Се додава брашно, сол, бибер и зачин за готвење и тенџерето се полни со вода. Во тенџерето се додава: компир исечкан на коцки, ориз и ситно исечканиот лук.
Чорбата се готви на тивок оган сè додека месото не се свари. Кога месото ќе се свари, во посебна чинија се матат жолчката од јајце и јогуртот. Се додаваат во чорбата и се вари уште неколку минути.
Состојки:
- 400 г телешко месо
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 морков
- 3 компири
- 50 г ориз
- 2 лажици сончогледово масло за јадење Le Bon
- сув зачин за готвење Gusto, сол и бибер
- 100 мл јогурт
- 1 жолчка