Начин на подготовка:
Најпрво, ја миеме киноата и ја ставаме во тенџере со 2 чаши вода и малку сол. Ја вариме 15-тина минути, односно додека не ја впие целата вода,и не стане мека. Во меѓувреме ја загреваме рерната на 200°С и на голем плех за печење ги распоредуваме компирите, модриот домат, пиперките и кромидот.
Ги зачинуваме со маслиново масло, сол и бибер, рузмарин и мајоран. Зеленчукот го печеме околу 25-30 минути додека не станат меки и благо златни. Во длабока чинија ги додаваме киноата и зеленчукот, по желба може да ги измешаме и прелееме со лимонов сок.
Состојки:
- 1 чаша киноа
- 3 компира
- 1 модар домат
- 1 зелена пиперка
- 1 црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сушен рузмарин
- 1 лажичка сушен мајоран
- свеж магдонос
- лимон
- сол и бибер