Начин на подготовка:
Најпрво го приготвуваме гвакамоле намазот: во длабок сад го пасираме авокадото, потоа ги додаваме претходно ситно исечканите домат и кромид. Врз нив ги додаваме зачините и сокот од лимон, убаво ги мешаме состојките за да се соедини вкусот.
Откако ќе го приготвиме намазот, земаме тортилја и најпрвин ја премачкуваме со гвакамоле, потоа врз неа ги додаваме гравот, туната и пченката. Ја ролуваме по желба. На здравје!
Состојки:
- 1 GUSTO тортилја
- ½ туна мексикана
- 1 лажица пченка SUNNY FANTASY
- 1 лажица црвен грав во чили сос
Потребни состојки за гвакамоле:
- авокадо
- ½ домат
- ½ кромид
- сок од лимон
- лук во прав
- ким
- сол и црн бибер