Начин на подготовка:
Ѓумбирот се чисти и се ренда на ситно. Во длабок сад се додава изренданиот ѓумбир, зачинот за готвење Gusto и ситно сечкано лукче. Во истата смеса се додаваат сокот од лимон, соја сосот, сончогледовото масло за јадење Le Bon, шеќерот Камко и биберот. Сите состојќи се мешаат заедно.
Кога смесата ќе биде убаво измешана, во истиот сад се ставаат парчињата лосос да се маринираат час и пол. Лососот се пржи на загреано маслиново масло, секоја страна е потребно да се пржи 3-5 минути.
Состојки:
- 1 кг свеж лосос
- половина ѓумбир
- 3 чешниња лук
- 2 лажици зачин за готвење Gusto
- сок од 1 лимон
- 20 мл сончогледово масло за јадење Le Bon
- 20 мл маслиново масло
- 20 мл соја сос
- 1 лажица шеќер Камко
- бибер Gusto