Начин на приготвување:
Во тава за печење го додаваме јагнешкото месо кое претходно го имаме премачкано со сенф и маслиново масло од сите страни, го прелеваме со вино и вода, го додаваме рузмаринот и го печеме во загреана рерна на 200°С, покриено со фолија околу час и половина.
Во меѓувреме го подготвуваме гарнирот, во тавче за печење го додаваме зеленчукот (кромидот, морковите, брокулата, тиквичката, пиперките) кои претходно ги имаме исечкано на покрупни парчиња, ги зачинуваме по желба со сол и бибер и маслиново масло, ги печеме во рерна на 200°С околу 30 минути.
Состојки:
- јагнешко месо
- маслиново масло
- сенф
- 2 главици кромид
- 3 моркови
- 5-6 компири
- 1 средно голема брокула
- 1 тиквичка
- 2 пиперки
- 150 мл бело вино „Чардак“
- сол и бибер
- рузмарин