Начин на подготовка:
Се зема огноотпорен сад и се подмачкува со масло, во меѓувреме се зема свинското месо и се посолува. Месото се префрла во садот и се пече на 190°С околу час и половина. Откако ќе се испече, месото се сече на шницли. Во друга тава се загрева путер, откако ќе се растопи се додава кромидот. Кога кромидот ќе се испржи и омекне, се додаваат виното и сенфот.
Се намалува огнот и се додава преостанатиот ладен путер заедно со ситно исечканите краставички, го мешаме за да добиеме мазен сос. Откако ќе завршиме со подготовка на сосот, се зема претходно исечканото месо на шницли и се прелеваат со сосот!
Состојки:
- 500 г свински бут без коска
- 2-3 лажици масло Le Bon
- Сенф Le Bon
- 1 главица кромид
- 100 мл бело вино Чардак
- путер
- сол
- Вегета
- кисели краставички Sunny Fantasy