Начин на подготовка:
Во посебни тенџериња се варат тестените и ракчињата. Откако ќе се сварат, се тргаат настрана за да се оладат. Се сечкаат пиперката и младиот лук, кои се префрлуваат во подлабок сад, кадешто се додаваат и останатите намирници: босилек, ситно сечканиот лук, сокот од исцеден лимон, медот, маслиновото масло, балсамико, солта Gusto и биберот.
Сите состојки убаво се замешуваат, и се додаваат изладените ракчиња и тестени.
Состојки:
- 500 г тестенини
- 250 г ракчиња
- 1 пиперка
- 1 младо лукче
- 1 лажица мед
- 50 мл маслиново масло
- неколку листа босилек
- 3 чешниња лук
- балсамико Le Bon
- сол Gusto и бибер