Начин на подготовка:
Кромидот се сечка на ситно и се пржи. Пилешкиот џигер се меле и се меша со меленото пилешко месо. Во нив се додава јајце, сув зачин, испржениот кромид и презла.
Кога ќе се направи хомогена смеса, се обликуваат ќофтињата. Ќофтињата се пржат во тава за пржење со сончогледово масло за јадење.
Состојки:
- 500 г пилешки џигер
- 200 г мелено пилешко месо
- 1 кромид
- 2 јајца
- сув зачин за готвење Gusto
- сол и бибер Gusto
- суво оригано
- лебни трошки Камко