КАМ Суши

Главни јадења

  • 2 лица
  • 45 мин

Начин на подготовка:

Во посебен сад се варат оризот и морковот околу 15 минути, откако ќе се сварат, се тргаат настрана да се оладат. Во веќе оладениот ориз се дадава малку од јаболковиот оцет и се замешува. Морковот, авокадото (излупено) и краставицата се сечат на тенки ленти. Бамбус-подлогата се подготвува со најлонска фолија и се става нори алгата, на која се реди оризот (на краевите не треба да се додава ориз), сурими стапчињата, краставицата, морковот и авокадото), и бамбус-подлогата се витка, за да се добие суши.

Сушито се сече со нож на 8 парчиња. Готовото суши се сервира со соја сос.

Состојки:

  • 1 чаша ориз
  • малку јаболков оцет Le Bon
  • Desley нори листови
  • половина авокадо
  • половина свежа краставица
  • морков
  • 100 г сурими стапчиња
  • јапонски соја сос Le Bon