Начин на подготовка:
Во тавче на оган ставаме маслиново масло, врз него го додаваме тофуто кое претходно е исечкано на коцки. Го пржиме додека не зарумени, во меѓувреме го правиме сосот што треба да го додадеме врз тофуто. Во длабок сад мешаме 100 мл вода, густинот, 1 лажица соја сос, 1 мала лажичка мед и малку ѓумбир.
Го додаваме сосот врз тофуто и ги мешаме сите состојки додека смесата не се згусне. Се сервира со ориз и по желба може да се посипе со сусам.
Состојки:
- 300 г тофу BIO COSMOS
- соја сос
- мед
- ѓумбир
- сусам
- 1 лажица густин
- вода
- маслиново масло