Телешка чорба

Вечера

  • 2 лица
  • 40 минути

Начин на подготовка:

Кромидот и морковот се пржат. Телешкото месо се исечено на коцки се додава во зеленчукот и се пржат заедно. Се додава брашно, сол, бибер и зачин за готвење и тенџерето се полни со вода. Во тенџерето се додава: компир исечкан на коцки, ориз и ситно исечканиот лук.

Чорбата се готви на тивок оган сè додека месото не се свари. Кога месото ќе се свари, во посебна чинија се матат жолчката од јајце и јогуртот. Се додаваат во чорбата и се вари уште неколку минути.

Состојки:

  • 400 г телешко месо
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 3 компири
  • 50 г ориз
  • 2 лажици сончогледово масло за јадење Le Bon
  • сув зачин за готвење Gusto, сол и бибер
  • 100 мл јогурт
  • 1 жолчка