Свеж мариниран лосос

Главни јадења

  • 2-3 лица
  • 2 часa

Начин на подготовка:

Ѓумбирот се чисти и се ренда на ситно. Во длабок сад се додава изренданиот ѓумбир, зачинот за готвење Gusto и ситно сечкано лукче. Во истата смеса се додаваат сокот од лимон, соја сосот, сончогледовото масло за јадење Le Bon, шеќерот Камко и биберот. Сите состојќи се мешаат заедно.

Кога смесата ќе биде убаво измешана, во истиот сад се ставаат парчињата лосос да се маринираат час и пол. Лососот се пржи на загреано маслиново масло, секоја страна е потребно да се пржи 3-5 минути.

Состојки:

  • 1 кг свеж лосос
  • половина ѓумбир
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици зачин за готвење Gusto
  • сок од 1 лимон
  • 20 мл сончогледово масло за јадење Le Bon
  • 20 мл маслиново масло
  • 20 мл соја сос
  • 1 лажица шеќер Камко
  • бибер Gusto