2026-09-14T14:45:00Z

Сите новости

Реализирана донација на детски пижами за ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести - Скопје

Донација за најмалите на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје

Со особено задоволство минатата недела реализиравме донација на детски пижами за ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, со цел да дадеме свој придонес кон создавање попријатни услови за најмалите пациенти за време на нивниот престој во клиниката.

Во рамки на донацијата беа обезбедени над 1.250 парчиња детски пижами, во вкупна вредност од 170.900 денари

Веруваме дека со заеднички ангажман можеме да придонесеме кон создавање посигурна, попријатна и похумана средина за најмалите пациенти.

За нас, општествената одговорност значи да бидеме таму каде што нашата помош може да направи разлика.

Се надеваме дека со овој гест ќе придонесеме кон подигнување на свеста за важноста на грижата за најмалите и ќе ги поттикнеме и останатите да дадат свој придонес таму каде што помошта е најпотребна.