2026-10-21T13:38:00Z

Сите новости

Последните две станици на нашиот караван за регрутација - Струмица и Охрид!

Успешно го заокруживме КАМ Караванот за регрутација каде што повторно имавме можност да се сретнеме со заинтересирани кандидати, да ги претставиме можностите за вработување, бенефициите кои ги нуди нашата компанија и да разговараме за професионалниот развој во КАМ.

Со посетата на повеќе градови, направивме уште еден чекор поблиску до идните членови на нашиот тим и создадовме можност за нови професионални почетоци. 

Ви благодариме на сите што нè посетивте, покажавте интерес и бевте дел од нашата приказна!