Пилешки стек во сос од кикиритки

Главни јадења

  • 2-3 лица
  • 50 мин

Начин на приготвување:

Пилешкиот стек се сече на тенко и се зачинува со зачин. Се пржи од двете страни во тава со сончогледово масло за јадење, па се додава вода. Месото се динста додека не омекне.

Во путерот од кикиритки се додаваат: соја сос, ѓумбир, сок од лимон и вода. Оваа смеса се додава во месото, и се дополнително се додава павлака за готвење и здробени кикиритки.

Состојки:

  • 500 г пилешки стек
  • 2 лажици зачин Gusto
  • 2 лажици сончогледово масло за јадење Le Bon
  • 2 лажици путер од кикирики Amia
  • 1 лажица соја сос
  • 3 лажици вода
  • 1 лажичка ситно рендан ѓумбир
  • 1 лажица сок од лимон
  • 150 мл павлака за готвење
  • 50 г несолени кикиритки Saluti
  • сол и бибер Gusto