Начин на приготвување:
Во тавче за печење го ставаме претходно измиениот и исечкан зеленчук (компирот, морковите, брокулата, кромидот) на покрупни парчиња, го зачинуваме со кари, сол и бибер, го печеме околу 30-40 минути.
Во друго тавче за печење ја ставаме свежата патка, ја зачинуваме со сол и црн бибер и ја полeваме со белото вино.
Тавчето го покриваме со алуминиумска фолија, печеме околу два часа на 180°C, потоа ја тргаме фолијата и ја печеме додека не зарумени. Ја послужуваме со печениот зеленчук. Добар апетит!
Состојки:
- 1 свежа патка
- 200 мл вино бело GRANDE
- 500 г компир
- 2-3 моркови
- брокула
- кромид
- сол и бибер
- зачин кари