2025-04-03T13:50:00Z

Нови маркети

ОТВОРАЊЕ НА НОВ КАМ МАРКЕТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Започна со работа новиот 81 КАМ маркет во строгиот центар на Скопје, на ул. “Максим Горки” бр. 13, во склоп на бизнис центар Настел!

Новиот КАМ маркет се протега на површина од 391 метри квадратни. Маркетот нуди богат асортиман на препознатливи производи од домашни и странски добавувачи со висок квалитет по ниски цени, меѓу кои се млечни и месни производи, топли и крцкави свежи печива од сопствената пекарница, богата понуда на свежо овошје и зеленчук. Потрошувачите може да се снабдат и со производи за домаќинството и козметика, како и со широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци по најповолни цени.

Свеченото отворање на новиот продажен објект на КАМ беше одбележано со дегустација на дел од најпрепознатливите приватни марки на КАМ, како што се Bella Farm, Amia, Milord и Solis, за кои потрошувачите покажуваат огромен интерес. Присутните потрошувачи добија можност да учествуваат во наградната игра „Тркало на среќата“ и да освојат подароци, како и да ги искористат специјалните промоции и акциски цени на дел од асортиманот во новиот маркет.