Мексиканска тортилја со гвакамоле намаз

Вечера

  • 1 лицe
  • 15 минути

Начин на подготовка:

Најпрво го приготвуваме гвакамоле намазот: во длабок сад го пасираме авокадото, потоа ги додаваме претходно ситно исечканите домат и кромид. Врз нив ги додаваме зачините и сокот од лимон, убаво ги мешаме состојките за да се соедини вкусот.

Откако ќе го приготвиме намазот, земаме тортилја и најпрвин ја премачкуваме со гвакамоле, потоа врз неа ги додаваме гравот, туната и пченката. Ја ролуваме по желба. На здравје!

Состојки:

  • 1 GUSTO тортилја
  • ½ туна мексикана
  • 1 лажица пченка SUNNY FANTASY
  • 1 лажица црвен грав во чили сос

         Потребни состојки за гвакамоле:

    • авокадо
    • ½ домат
    • ½ кромид
    • сок од лимон
    • лук во прав
    • ким
    • сол и црн бибер