Љубезноста е наша култура, а задоволниот потрошувач – наш најголем успех!
Во КАМ континуирано вложуваме во развојот на нашите вработени, бидејќи веруваме дека квалитетната услуга започнува со љубезен однос, почит и разбирање.
Токму затоа се одржа обука на тема „Љубезност во маркет – главна компонента за успех на компанијата“, посветена на унапредување на комуникацијата со потрошувачите, професионалниот пристап и градењето позитивно искуство при секоја посета на нашите маркети.
Веруваме дека секој потрошувач заслужува еднаков, коректен и љубезен третман. Преку ваквите обуки ја негуваме културата на почит, доверба и подготвеност за помош, затоа што малите гестови на љубезност прават голема разлика.
Во КАМ, љубезноста не е само дел од услугата – таа е дел од нас!